На Камената бина, Плоштад Александрија во Прилеп денеска 21 август, четврток, од 21 часот Кросроуд Блуз Бенд (CROSSROAD B.B.) во рамките на манифестацијата „Од 0 до култура“ ќе настапат во чест и со почит кон големиот американски блуз гитарист Би Би Кинг (Рајли Би Кинг) со изведба на неговите најпознати музички дела.
CROSSROAD B.B. е музичка формација од Прилеп, основана кон крајот на минатиот век, или поточно во 1997 година, од двајца љубители на блуз музиката, Александар Дворчанец-Сале и Бранко Нешкоски-Бане која низ годините прерасна во сериозен бенд со повеќе од дваесет години работа во својот роден град, во речиси сите градови и места во Македонија. Од 2004 до 2018 година Кросроуд настапува на речиси сите престижни фестивали и места во регионот (претежно на Балканот) каде што се цени и се свири блуз музиката.
Сите изминати километри и бројните настапи му дадоа на бендот многу искуство за настапи во живо, но и многу самодоверба бидејќи наидоа и се запознаа со многу блуз музичари од регионот, создавајќи трајни пријателства кои траат до ден-денес. Оваа приказна беше грубо прекината од ненадејната смрт на Сале, фронтменот на бендот во ноември 2018 година. Со неговото заминување, бендот изгуби многу, но и блузот во Македонија и регионот воопшто.
Во периодот од 1997 до 2018 година, CROSSROAD B.B. снимија три студиски албуми, од кои два беа оригинални со кои го промовираа блузот кирилица (блуз песни на македонски јазик) со наслови ..Тутун блуз .. и …Градско дете .. и еден албум со аранжмани на блуз песни што самите автори ги заборавиле, со наслов ..Сè уште живеејќи го блузот. Важно е да се спомене дека Сале беше автор на речиси сите текстови од оригиналната музика, кои не беа само текстови, туку вистински приказни од неговиот живот.Низ годините Crossroad издава 3 студиски албуми, десетици видео записи, стотици отсвирени концерти и ред други гостувања на телевизии и радија, како и онлајн интервјуа.
Давид Нешкоски е повторно во бендот од 2015 година (исклучително добар гитарист и вокалист кој доаѓа од CROSSROAD B.B, но беше во Америка и имаше соло кариера таму).
Најновата промена во бендот е додавањето на 2 фантастични женски вокали Викторија Ѓеоргиеска и Александра Трајческа. Оваа голема постава на Crossroad е како една голема “подмачкана машина” која настапува на големи настани насекаде во македонија и странство и се здоби со називот “звучи како плоча” благодарение на сите измени и вежбање на сите стари песни, како и додавање на нови авторски песни во репертоарот.
Сегашната формација на бендот е следнава:
Давид Нешкоски – вокал и гитара
Бранко Нешкоски – гитара
Зоран Настески – тапани
Љупчо Шилоски – бас
Александра Трајческа – Вокал
Викторија Ѓеорѓиеска – Вокал
Бранко Нешкоски – гитара
Зоран Настески – тапани
Љупчо Шилоски – бас
Александра Трајческа – Вокал
Викторија Ѓеорѓиеска – Вокал
Бендот во последните неколку години настапува и снима нов материјал како што се видео запис за песната Mustang Sally, нова авторска песна и видео запис за песната Дојди си Дома.
Crossroad исто настапи на феноменалниот настан во Куманово организиран од мото клуб Bears, каде се снимаше целосно Live DVD од концертот. Во моментот се работи и ќе се објави нов видео запис и преработка на легендарната Каде е крајот, авторска песна на Crossroad од самите негови почетоци.
Во блиска иднина ќе бидат објавени и “освежени” и обновени снимки аудио и видео на ред авторски песни на Crossroad кои заслужуваат да бидат вратени во живот и заслужуваат да бидат чуени од нашата публика.
Crossroad исто настапи на феноменалниот настан во Куманово организиран од мото клуб Bears, каде се снимаше целосно Live DVD од концертот. Во моментот се работи и ќе се објави нов видео запис и преработка на легендарната Каде е крајот, авторска песна на Crossroad од самите негови почетоци.
Во блиска иднина ќе бидат објавени и “освежени” и обновени снимки аудио и видео на ред авторски песни на Crossroad кои заслужуваат да бидат вратени во живот и заслужуваат да бидат чуени од нашата публика.