Кривична за двајца службеници – не постапиле по пријава за заштита на малолетник

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.
Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјална заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

❗❗УХМР: Вонредно предупредување за обилни врнежи и силен ветер ❗❗

Управата за хидрометеоролошки работи денеска излезе со предупредување за обилни врнежи и ветер деновиве:

Ротари клубот- Прилеп донираше дрон за превентива од пожари на ТППЕ – Прилеп

Дронот, кој ќе прави извиди над шумите и околината на Прилеп, има за цел да делува превентивно во спречување на пожарите на отворено и во спречување на дрвократството. Целта да се олеснат извидите на лице место кога има шумски пожари и дива сеча, но и за пожарите во градот. Дронот,...

Во Цепенков по повод Светскиот ден на детето ќе се прикажува претставата „Три“

По повод Светскиот ден на детето на 20 ноември 2025, четврток, од 11.00 и од 12.00 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „ТРИ“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца. Претставата четири години е активна на македонската сцена со цел децата кои припаѓаат на глувонемата...