Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во кочанско

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело убиство во обид по чл.123 ст.1 а во врска со чл.19 од КЗ на РСМ поднесе кривична пријава против И.М. (30) од село Тркање кочанско.

Исто така поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело насилство по член 386, став1 од КЗ на РСМ кривична пријава е поднесена и против лицето Б.М (35) исто така од село Тркање.

Имено, како што МВР веќе ја информираше јавноста вчера (02.05.) околу 00:00 часот пред продавница во село Тркање, додека група лица седеле пред продавницата дошле браќата И.М и Б.М по што без никаков повод и причина најпрвин лицето И.М го нападнал лицето Ж.Б со повеќе убоди од нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а кога другите лица пред продавницата се вмешале за да ја смират ситуацијата, лицето Б.М исто така со нож во раката замавнувал наоколу при што нанел повреди на две лица, а неговото дејствие предизвикало чувството на страв и несигурност кај другите лица.

Од страна на ОВР Кочани веднаш е постапено по пријавениот настан преземени се сите потребни мерки и дејствија по што се обезбедени лицата кои го извршиле немилиот настан. Извршен е увид на местото на настанот, извршени се службени разговори со сите лица инволвирани во истиот, а пронајдени се предметите со кои е извршено кривичното дело.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа – трибина за менталното здравје со д-р Бошко Томовски

В понеделник, 22 јуни 2026 година, со почеток во 12 часот, во дворот на ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи трибина на тема „Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа“. Гостин и предавач на настанот ќе биде д-р Бошко Томовски, специјалист невропсихијатар, кој со присутните ќе разговара за темите поврзани со стресот, стравот, внатрешната болка,

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи. Станот е со површина од 70 м² и се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, дневна соба, кујна, бања и две тераси, од кои едната е затворена опремена со електрична и класична сушара за алишта. Станот е целосно опремен и подготвен за веднаш

„FREEDOMRUN Kochani 2026“привлекува сè поголем интерес – веќе пријавени 178 учесници

Подготовките за спортско-рекреативниот настан FREEDOMRUN Kochani 2026 се во полн ек, а интересот за учество постојано расте. Според организаторите, досега се регистрирани 178 учесници од Кочани, соседните градови и повеќе места низ државата. Меѓу пријавените има 118 мажи и 60 жени, што потврдува дека настанот привлекува учесници од различни возрасни групи и спортски профили. Организацискиот