Денеска во ОУ „Раде Кратовче“ се реализираше работилницата „Новогодишна бајка во боја“, на која учениците работеа во различни ликовни техники.
Изработените цртежи ќе се користат за украсување на училиштето, а дел од нив ќе бидат изложени и продавани на Новогодишниот базар што ќе се одржи на 25 овој месец.
Во училишната сала се одржа и новогодишната работилница „Рацете творат, срцата спојуваат“, на која учествуваа ученици и наставници, со значителна поддршка и голем одзив од родителите преку Советот на родители при училиштето.
Настанот помина во пријатна и работна атмосфера.
Средствата собрани од продажбата на производите на Новогодишниот базар ќе бидат наменети за потребите на училиштето.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









