Котевска на проекцијата на „Приказната за Силјан“ во Кочани: Филмоте е потсетник каква магија и убавина има во Македонија !

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со  документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, ЦК „Бели мугри“ го означи стартот на новата сезона на филмски проекции во Кочани.

Љубителите на големото платно синоќа  ја преполнија кино салата на кочанската Националната установа. Се бараше билет повеќе за да се биде просутен на првата проекција на новото платно, со новата дигитална опрема и ласерски проектор.

Во првите редови беа режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски, кои, кога се искачија на сцената добија силен аплауз од публиката. Котевска рече дека цели три години поминала во овој регион „бркајќи“ штркови и комуницирајќи со „прекрасниет локалци кави што  нема во земјава“.

–Заљубена сум во овој регион и сакам овој филм да биде потсетник каква магија и убавина има тука, што понекогаш ја забораваме. Особено ми е драго што после се, можам да покажам една ваква приказна за Македониј, што доаѓа од овој регион и да ги потсетам сите какво богатство имаме ние  овде, во Македонија.

Меѓу присутните беа и претставници на Агенцијата за електронски комуникации, која со  својата донација овозможи комплатно да се смени кино опремата во „Бели мјугри“, стара повеќе од педесет години. Претседателот на Комисијата на АЕК, Орце Симов, исто така од сцената, порача дека тоа е еден од начините да му се помогне на Кочани после се штосе случи во дискотеката „Пулс“.

Во кино салата на „Бели мугри“ имаше и претставници на Кинотека на Македонија.

Проекцијата имаше хуманитарен карактер. Средства од продажбата на билетите се наменети за повредените во трагедијата, на кои им е потребна долгорочна поддршка.

„Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска е двојно номиниран филм за „Оскар“, откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најреномираните светски дистрибутери на документарни остварувања.

Премиерата на филмот во Македонија беше на 4 јануари 2026 г. а делови од него се снимени во околината на Кочани, на оризни ниви и во Чешиново и Облешево.

Од ЦК „Бели мугри“ Кочани најавија дека по долги години во близок период ќе биде објавен целосен репертоар на филм проекции што следуваат.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува