КОРКА – Тие не држат политички говори, едноставно, со музика ја документираат својата реалност

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Од сцената во Кочани, град кој во последно време претрпе многу, пристигнува звук кој е истовремено и рана и лек… Младиот бенд „Корка“ со своето дебитантско ЕР, „Болестите на денешнината“, испорачува бучна, сирова и бескомпромисна доза на нојз рок која е болно потребна на македонската сцена. Целосно снимено и продуцирано во „направи сам“ (DIY) манир, ова издание е автентичен крик на една генерација, фатен во својата најчиста форма – пишува порталот Арно.мк за „Корка“, кочански млад бенд кој се појави на алтернативната сцена кај нас пред две години.

„Корка“ го сочинуваат Ненад Стојанов, Давид Лазаров, Анастасија Стоименовска, Борис Медарски и Викторија Петрова. Во првиот состав на тапани свиреше Сара Јорданова, која за жал, несреќно животот го загуби во пожарот од 16 март годинава.
„Корка“е нојз рок бенд од Кочани кој во својот звук комбинира суровост, енергија и тематска апатија што ја отсликува реалноста на младите денес. Со изразена DIY естетика, мрачна атмосфера и текстови што се движат од апсурд до социјален коментар, ‘Корка’ остава впечаток како еден од најсвежите гласови на македонската алтернативна сцена“,  велат од иницијативата Млади за Скопје, во чија организација составот од Кочани  имаше концертна промоција на нивниот деби истоимен албум во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија на 14 јуни.

 Она што го издигнува ова  (дебитантско ЕП, насловено „Болестите на денешнината“) издание над обичен збир на бучни песни е длабоката емотивна тежина. Во нивните текстови и атмосфера се чувствува доза на резигнираност, безнадежност и темнина – можеби директен одраз на реалноста во нивниот град, но и метафора за состојбата во целата држава. Иако нивната ангажираност можеби не е свесна или намерна, таа е апсолутно искрена.

„Корка“ не држат политички говори; тие едноставно ја документираат својата реалност, а тоа е најсилниот ангажман од сите, стои во текстот за нив во Арно.мк.
Од било кој агол да се погледне „Корка“ навистина остава впечаток како еден од најсвежите гласови на македонската алтернативна сцена.
И, дефинитивно „Корка“ е наша, кочанска и македонска, нова урбана приказна, што ветува…

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците