Коњичко дефиле во Кочани во чест на жртвите од пожарот во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Утре центарот на Кочани ќе биде сцена на свечено коњичко дефиле организирано од Здружението за развој на рурален туризам „Битолска коњаница Галоп“ од Битола, како дел од традиционалната манифестација „Патот на Илинденците“.

Настанот се одржува во чест на празникот Илинден, а годинава дефилето ќе има и посебна симболика – ќе биде посветено на жртвите од трагичниот пожар што се случи во објектот „Пулс“ во Кочани.

Коњаниците ќе започнат со дефилето во 9:00 часот од паркингот кај ресторанот „Але-Дар“, по што ќе се движат по улицата „Димитар Влахов“ до кружниот тек во населбата Стришани, продолжувајќи по булеварот „Стево Теодосиевски“ и улицата „Маршал Тито“ до зградата на Општина Кочани.

По кратка пауза пред општинската зграда, колоната ќе се упати по „Кеј на Револуцијата“ до Полициската станица, а потоа и до Градските гробишта, каде ќе биде оддадена почит на загинатите.

Во дефилето ќе учествуваат околу петнаесет коњаници облечени во традиционална комитска облека, како и други учесници кои ќе ја дадат својата поддршка на настанот. По завршувањето на церемонијата, коњаниците ќе се вратат на почетната точка, а целата манифестација се очекува да трае околу еден и пол час.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се продаваат станови во изградба во населба Недопирливи…

Се продаваат станови во изградба, на улица „Иван Иванов Балашо” број 3, во зградата на насебата Недопирливи. Се работи за висококвалитетна градба, на само 100тина метри од „Гратскиот парк” во Кочани. Становите се на приземје и се вселиви кон крајот на 2025 година. Поопширни информации побарајте на: 071/ 460-490

,,Треф” вработува

Треф има потреба од двајца работници за во картонажа; Плата редовна, обезбеден превоз и храна Телефон за контакт: 033/297-557

Полицијата со две акции: Уапсен 36 годишен кочанчанец за недозволено оружје, директорка во Виница пријавена за злоупотреба

На 28.07.2025 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за крининалистички работи Кочани го лишиле од слобода К.И.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Лицето било задржано