Koнцерт посветен на творештвото на Драган Ѓаконовски Шпато-зачетникот на македонската забавна музика

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На втори септември 2025 г./вторник/ од 20.00 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи „Вечер на творештвото на Драган Ѓаконовски Шпато“. Влез e слободен, па љубителите на џезот и македоснките евергрини ќе можат да уживаат во оваа посебна вечер , посветана на еден од најголемите македонски композитори, дириген и музички аранжер, Драган Ѓаконовски Шпато  (Скопје 1931 година – Скопје 1987 година), човекот кој се смета за зачетник на македонската забавна музика.

Автор бил на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна музика и џез, почнувајќи од првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез-композиција насловена „Тема I“, што ја создал во 1947 година. Тој бил извонредно надарен музички инструменталист кој формирал повеќе оркестри и групи и создал бројни композиции, кои ги исполниле популарни македонски пејачи.

Вечерта на творештвото на Драган Ѓаконовски Шпато“ е проект со кој ќе направиме еден мал осврт на делата и аранжманите на Шпато,  почетоците на забавната и џез музика во Македонија. Безвременските хитови, безвременските вокали на македонските пејачи како што се Нина Спирова, Даниела Панчетовиќ, Сашка Петковска, Љупка Димитровска, Диме Поповски, Драган Мијалковски со нивните интерпретации испишаа дел од македонската музичка историја во забавната и џез музика. Сите учесници во овој проект имаат цврста академска музичка позадина и долгогодишно практично искуство на музичката сцена во нашата држава и надвор од неа.“ велат од ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп

Вечерта посветена на делото на Шпато“, музички ќе ја обојат: Катерина Попоска- вокал, Борис Миленкоски Пулич- саксофон, Давид Скерлевски-пијано, Кире Гаралоски-бас , Филип Бурнески-тапани. Овој состав активно делува на прилепската сцена под името The Jazz Funk Momentum.

Проектот посветен на „Творештвото на Драган Ѓаконовски –Шпато“ е поддржан од Министерство за туризам и култура.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: