Концерт на групата My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Иницијативата за Инакунезависна култура „500 денари рекет“ понуди уште еден настан од својата годишна програма, овој пат концерт на скопската група My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST.

Концертот ќе се одржи на 28 февруари 2026г во кино салата Мис Стон со почеток во 21.00ч.

My Tear е инди / new wave трио од Скопје, составено од искусни музичари од македонската андерграунд сцена. Бендот го сочинуваат Дени Крстев (вокал и гитара), Антони Анев (бас) и Иван Димишков – Димиш (тапани), познати и по своето учество во бендови како Фонија, 21 Век, Преку Ред, Red18 и други релевантни проекти од алтернативната сцена.

My Tear се оформуваат како природна еволуција на бендот Фонија, со јасен стилски пресврт од панк-рок кон инди и new wave естетика, инспирирана од македонската и југословенската алтернативна традиција од 80-тите, но обликувана низ современ звук и продукција.

Зад себе имаат два студиски албуми, две EP-изданија и неколку синглови што оствариле значително радио-присуство. Песната „Остави ме да бидам“ три недели се наоѓа на врвот на топ-листите на Антена 5 и Радио Бубамара, а во 2018 година е прогласена за сингл на годината од култното инди радио Канал 103. Бендот има објавено и три официјални музички видеа, како и истоимениот деби-албум „My Tear“ (2019), издаден и на винил за Corpus Delicti и Балкан Велики.

Нивниот втор албум „Кога не се сакаме“ претставува концептуално издание посветено на современата љубов и нејзиното преживување во забрзан и отуѓен свет. Албумот е реализиран во скопското Studio 1060, со минималистички продукциски пристап и вклучува гостувања на значајни имиња од регионалната сцена, меѓу кои и Васко Атанасоски и Деан Шкартов – Деко (Badmintons).

Синглот “Истото го сакаш” го достигнува првото место на Nevidljiva top lista.

My Tear зад себе имаат и европска турнеја, а нивните настапи се карактеризираат со силна емоционална интензивност, јасен авторски идентитет и директна комуникација со публиката. Бендот продолжува активно да создава и настапува, позиционирајќи се како релевантен и препознатлив глас на современата македонска алтернативна сцена.

SIDE QUEST за себе велат вака  дека се „Панк бенд од Прилеп. Свират кавери, трибјути и наши песни – сè што ни врие внатре, го пуштаме надвор, како што е малку панк, малку хаос, многу енергија.„ Ако има публика – има свирка. Ако нема – че ја напрајме ,а на 28ми ќе ви се претставиме со авторска музика“велат од групата

Влезници ќе можате да се набават непосредно пред почетокот на концертот (на врата) по цена од 200 денари, а независната културна сцена велат дека листата на иницијатори „500 денари рекет“ е отворена за сите граѓани на Република Македонија и секој може да биде дел од неа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Панел дискусија за спортот

Утре, (сабота 28 февруари)  во 13.30 часот, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Комисијата за спорт на СДСМ организира панел-дискусија на тема „УДАР ВРЗ СПОРТОТ“. Панелисти се неколку македонски спортисти и познавачи на спортот – Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер и професор по физичко и здравствено воспитување; – Снешка...

Со спорт во Кривогаштани одбележан Меѓународниот ден на ретките болести

По повод Меѓународниот ден на ретките болести 28 ми февруари, последниот ден од најкраткиот месец во годината со вклучување на младите, на учениците, три здруженија Центар за развој и едукација, ЛАГ Агро Лидер и Урбано гнездо со поддршка на Општина Кривогаштани денеска реализираа спортски настан. Со активноста трите организации иницираа...

Ќе има ли и за Прилеп електрични еко автобуси?!

Министерствто за транспорт денеска објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за останатите општини. Дали вакви автобуси има и за Прилеп, останува да се види, иа доколку има кога, докој...