Комфи Ангел со почит и благодарност ги испрати своите колеги во пензија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пензионирањето е период од животот во кој се уживаат плодовите од долгогодишниот труд. Тоа е животен стадиум кој носи слобода и време без работни обврски, исполнето со лични задоволства и повеќе моменти со семејството.

Вообичаено, во интерес на вработените, со почит и благодарност за долгогодишниот ангажман во компанијата, менаџерскиот тим на „Комфи Ангел“ прави пензионирањeто да биде величествен чин, горди што тие биле дел од  “големо семејство„, како што често знае да рече првиот човек на компанијата „Комфи Ангел“.

Посакувајќи им среќно пензинирње, Ирена Јакимовска, менаџерот на една од најголемите извозно орентирани текстилни фабрики, „Комфи Ангел“- Прилеп, при оваа прилика објави на својата  ФБ страна и напиша:

Денес со многу емоции ги испративме двајца наши колеги кои по долгогодишна работа и посветеност заминуваат во заслужена пензија. Со години беа дел од нашето секојдневие – со нивната професионалност, труд, знаење и, најмногу од сè, со човечноста и другарството што ги внесоа во колективот. Зад себе оставаат голем печат, многу пријателства и спомени што сите ние ќе ги носиме со себе. Им посакуваме здравје, среќа и безброј убави моменти во новата животна фаза. Нека пензионерските денови бидат исполнети со насмевки, мир и убави патувања. Благодариме за сè што направивте и што бевте дел од нашето големо семејство. Секогаш ќе имате место во нашите срца.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...