Командирот на ТППЕ Кочани, Апостолов за интервенцијата во „Пулс“: Лекција што не смее да се заборави

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Речиси една година по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сеќавањата за кобната ноќ сѐ уште се свежи.

Во пресрет на одбележувањето на годишнината, командирот на ТППЕ Кочани, Драган Апостолов се присетува на првите моменти по добиената дојава, на драматичната интервенција и на предизвиците со кои се соочиле пожарникарите.

Повикот за пожар во дискотеката „Пулс“ бил примен во 02:47 часот.

Како што посочува Апостолов, дежурниот командир на смена, Роберт Спасов, веднаш ја оценил ситуацијата како алармантна.

„Информацијата укажуваше на сериозна состојба, по што беше наредена мобилизација на целата единица и известување на сите командири на смени“, вели тој.

Во првиот бран на интервенција на терен излегле четворица пожарникари со две возила – по двајца во секое возило.

Набрзо по првичната проценка, била извршена целосна мобилизација на единицата, а помош пристигнала и од соседните општини Виница, Штип, Пробиштип и Свети Николе.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите се соочиле со исклучително тешка и критична ситуација.

„Имаше густ чад, а пред дискотеката имаше луѓе легнати на земја. Сликата беше потресна“, раскажува командирот.

Најголемиот предизвик, како што нагласува Апостолов, било спасувањето на што е можно поголем број луѓе и нивна итна евакуација од објектот.

Условите – ограничен простор, отежнат пристап и густиот чад – значително ја усложниле интервенцијата.

Евакуацијата се одвивала во координација со Брзата помош и полицијата.

Повредените лица биле изнесувани надвор од дискотеката и транспортирани со возила на Итната медицинска помош, но и со цивилни автомобили и комбиња.

„Сите служби функционираа во координација, со единствена цел – спасување на што повеќе животи“, истакнува командирот.

 

Во гаснењето на пожарот и справувањето со последиците била вклучена целата расположлива противпожарна сила, вклучително и помош од соседните општини.

Територијалната противпожарна единица Кочани во моментов располага со вкупно 10 возила – шест камиони, три теренски џипови и едно возило „Лада Нива“.

Дел од возниот парк е и специјалното возило „Татра“, донација од Чешка, кое има значајна улога во интервенции од поголем обем.

Единицата функционира со 17 редовно вработени пожарникари, кои се организирани во смени.

Инаку, бројот на вработени пожарникари, според законот треба биде 33, со оглед на тоа што ТППЕ – Кочани ги покрива и териториите на општините Зрновци и Чешиново-Облешево.

Актуелниот градоначалник Владко Грозданов пред изборите вети нови пет вработувања на професионални пожарникари, како и набавка на современа противпожарна опрема за сите пожарникари, набавка на навално возило и противпожарни цистерни.

Една година по трагедијата, пораката што ја испраќа командирот е јасна:

„Потребна е претпазливост и превентивно размислување. Само со невнимание се случуваат вакви трагедии. Секој мора да ја сфати одговорноста сериозно – и институциите и граѓаните.“

Трагедијата во „Пулс“ останува болна лекција, но и потсетник дека безбедноста не смее да биде формалност, туку приоритет.

Д.Николов

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пролетта пристигнува на 20 март

Со доаѓањето на пролетната рамноденица, на 20 март, и календарски започнува најшареното годишно време – пролетта. Овој ден е посебен затоа што денот и ноќта се речиси еднакви по должина, а од наредниот ден сонцето сè подолго ќе се задржува на хоризонтот. Тоа значи повеќе светлина, повисоки температури и постепено будење на природата. Пролетта носи

Двајца кочанчани лишени од слобода – едниот возел без положен испит, другиот со забрана за управување, возилата одземени

32-годишен од Кочани возел без положен возачки испит. Друг кочанчанец возел иако имал забрана за управување. Двете возила одземени, возачите лишени од слобода   На 02.03.2026 во 11:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода О.Д.(32) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Тодосија Паунов“ со кочански регистарски ознаки,