Коцевски: Поднесено е обвинение против 34 физички и три правни лица – за двајца екс министри постапката се запира!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На денешната прес-конференција, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и обвинителскиот тим кој ја води истрагата на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во клубот „Пулс” соопштија дека до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Првообвинети се сопственикот на дискотеката „Пулс“ и неговиот син, обвинет е и братот на сопственикот кој издавал карти со поголем број од дозволеното, обвинети се и три лица кои во период од 2012 година до 16 март 2025 година ја извршувале функцијата градоначалник на Кочани, во однос на обезбедувањето на дискотеката обвинение е поднесено исто така против управителот на правното лице Агенција за обезбедување од Скопје и уште 4 лица припадници на обезбедувањето, против реалниот сопственик истрагата беше отворена пред неколку дена и продолжува и затоа тој не е опфатен со обвинението, вели Коцевски и додава: Директорите на ДЗС не постапиле со тоа што во целиот тој период не донеле одлука за распоредување на работник. Обвинети се и 5 државни службеници, 1 државен секретар и 2 министри кои не постапиле според прописите. Во континуитет издавале лиценци на дискотеката Пулс во Кочани која не ги исполнувала пропишаните услови. Во обвинението наведени се сите пропустите кај секоја од лиценците на дискотеката Пулс.

-Во оваа група за 5 лица меѓу кои двајца поранешни министри постапката е запрена бидејќи обемот на прибраниот доказен материјал до овој момент не е доволен да се покрене обвинение против нив. Во истрага се обезбедија докази за еден државен службеник кој ги изготвувал лиценците на Пулс и кој примил поклон за истото кое не смеел да го изврши. Тој во 2019 година добил 12.000 денари награда, а во 2024 година за 226.000 денари изготвил 2 лажни лиценци. Во обвинението се опфатени 4 службени лица, инспектори. Тие воопшто не постапиле по прописите. На членот од бендот „ДНК“ постапката е прекината поради здравствената состојба на истиот, изјави Коцевски на прес-конференцијата.

Преполнетоста на посетители во Пулс предизвикала турканици и потешкотии во евакуацијата, додава Коцевски и вели: На сите обвинети им се става на товар дека сториле кривични дела, тешки дела против општата сигурност истото важи и за двајцата првообвинети татко и син кои ќе се тератат и за тешки дела против општата сигурност.

На новинарското прашања за кои министри е прекината постапката, Коцевски кратко изјави: „Постапката се запира за двајца поранешни министри за економија“.

Извор: 4news

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пет ученички-членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари најмали,а воедно најактивни и креативни учесници на обуката „Млади креатори на содржина“ одржана...

Пет ученички од 9 то одд. членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари беа дел од проектот „Млади креатори на содржина“ во организација на томот на „Види Вака“ и „Гоце.мк“. Станува збор за ученичките Бисера Стоилова, Марија Ананијева, Ана Каранфилова, Магдалена Николова и Теодора Трајчева и нивниот ментор наставничката Тања Велкова. Проектот

Наков: Нема граѓанин на Кочани кој така не ја доживеа трагедијата лично. Сите ние сме поврзани. Но, тоа е животот мора да продолжиме напред…

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, болката и сеќавањата сѐ уште се силни кај граѓаните. Тешкиот настан не ја одмина ниту кочанската компанија „Амфенол“, каде што вработените и раководството се соочија со сериозни предизвици во тој период. Генералниот менаџер Сашко Наков вели дека првичната цел била да се амортизира ударот и истовремено

Игор Јованов избран за претседател на Адвокатската заедница Кочани

Во ресторан „Амор“ во Кочани вчера се одржа собир на адвокатите од Адвокатската заедница Кочани, во присуство на претставници од Адвокатската комора на Република Македонија. Средбата започна во 14:30 часот и се одвиваше според утврден дневен ред, кој опфати избор на претседател на заедницата, како и избор на претставници – делегати во Собранието на Адвокатската