Кочанските основни и средни училишта – подготвени ќе го почнат второто полугодие од учебната 2024-2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По тринеделниот зимски распуст, основците и средношколците, в понеделник, 20 јануари се враќаат во училишните клупи за да го продолжат второто полугодие од учебната 2024-2025година. Кочанските училишта во текот на одморот ја направија потребната дезинфекција и дератизација во училниците, холовите и спортските сали.

Учениците во средното образование, односно учениците од завршните години на средното образование кои ќе полагаат државна матура, училишна матура или завршен испит во јунскиот испитен рок, јавните средни училишта во времето од 19 мај до 30 мај 2025 година организираат подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат матурски интерни и завршни испити.

Во текот на наставната година во јавните средни училишта во завршната година на

образованието се остваруваат најмалку 166 наставни денови, а за сите останати години на

образование се остваруваат најмалку 180 наставни денови

Кај основците пак, учебната 2024-2025 година наставата се остварува во точно 180 наставни денови.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша

Повредените со кошаркарски натпревар во чест на загинатите

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно