Кочанскиот тим со апликацијата „EduPari“ победник на „Startup Weekend Skopje 2025“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

На почетокот на ноември во Скопје се одржа најголемиот претприемачки настан во земјава – „Startup Weekend Skopje 2025“, кој оваа година ги обедини повеќе од 45 учесници и осум тимови составени од млади иноватори, програмери и претприемачи со заедничка цел – создавање современи fintech решенија.

Меѓу најистакнатите учесници беше тимот од Кочани, составен од Христо, Бојан, Горазд и Ненад, кој со својата идеја „EduPari“ ја освои првата награда.

„Startup Weekend“ е тридневен интензивен настан кој обединува претприемачи, програмери, дизајнери и креативци за да развијат стартап идеја – од концепт до функционален прототип – за само 54 часа. Настанот беше исполнет со енергија, менторски сесии, работа до доцна во ноќта и финални презентации пред жири составено од инвеститори и експерти.

Победничката идеја, „EduPari“, е мобилна апликација која ја подобрува финансиската писменост преку микро-лекции, квизови и гејмифицирани предизвици. Наместо класичен пристап, корисниците учат преку интерактивни сценарија што ги приближуваат до реални ситуации – како да заштедат, направат буџет, препознаат финансиска измама или правилно да користат кредит.

Иновативноста на EduPari е во комбинирањето на игровната мотивација со персонализирани содржини според возраста и интересите на корисникот, објаснува тимот.

 

Четворицата членови доаѓаат од различни професионални области – податоци, дизајн, технологија и маркетинг, што, според нив, е клучот за успех.

Потекнуваме од Кочани и Виница, и токму тоа ја прави победата уште послатка – покажавме дека големи иновации можат да дојдат и од помали градови, посочија од кочанскиот тим.

Како победници, тимот ќе ја претстави својата идеја пред инвеститори и ќе добие учество во инкубаторска програма за менторирање на стартапи.

Таму ќе работат на усовршување на идејата, развој на MVP (минимално одржлив производ) и изработка на прецизен бизнис модел.

Во следната фаза, на тимот најмногу му е потребна менторска и техничка поддршка, особено во развојот на мобилната апликација, „UI/UX“ дизајнот и правните аспекти поврзани со заштитата на податоци.

Поддршка од финансиски институции и организации кои промовираат финансиска писменост би овозможила побрз раст и тестирање со реални корисници.

Ова искуство ни покажа дека од идеја до акција има само еден чекор – одлучноста. Научивме како се верифицира пазар, како се подготвува питч и како се работи под притисок.  „EduPari“ не е само проект – тоа е мисија за поголема финансиска писменост во Македонија.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

20 март (петок) е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

Следен неработен ден за сите граѓани во  Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани  Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исплатите се однесуваат на: ∙ Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; ∙ Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; ∙ Мерка 112

Нелегално ископување на археолошки локалитет во Виница

На 03.03.2026 во 11:51 часот во СВР Штип, археолог – кустос во Музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека при вршење на редовни работни активности кај археолошкиот локалитет „Света Недела“ на место викано „Осојница“ во атар на с.Блатец, виничко, забележал дека во изминатиот период имало нелегално ископување кај археолошкиот објект. Полициски службеници од ОВР Виница излегле