Кочанскиот гениј Владимир Грчев – Првенец на генерацијата во Скопје по само една година…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Владимир Грчев, млад ум од Кочани со извонреден интелект и неуморна амбиција, само за една учебна година откако премина во ООУ „Братство – Карпош“ во Скопје, е прогласен за Првенец на генерацијата.

Неговото пристигнување во новата училишна средина не беше пречка, туку почеток на импресивен успех. За само неколку месеци, Владимир постигна резултати што го издвојуваат не само во рамките на училиштето, туку и на национално ниво: златни медали, први места, и учество во националните тимови по информатика, како и најновиот врвен резултат – пласман во националниот тим по математика.

Неговите достигнувања се доказ дека вистинскиот талент и труд секогаш ќе бидат препознаени. Признанието што го доби е личен успех, чест за училиштето во кое го завршува образованието, но пред сè – гордост за неговиот роден град Кочани, бидејќи Владимир Грчев е нашиот Кочански Гениј – симбол на знаење, истрајност и инспирација за генерациите што доаѓаат.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов на работен состанок со директорите на основните и на средните општински училишта

Денеска директорите на основните и на средните училишта во Кочани одржаа работна средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата градоначалникот се запозна со состојбата со бројот на ученици и со ангажираниот наставен кадар и со одвивањето на наставата во учебната 2025/2026 година. По изнесените состојби од директорите се заклучи дека нема пречки за непречено одвивање

Во PUBLIC coffee bar викендов – Наташа Малинкова и Ивона ЈО

Бидете подготвени за викенд што ќе се памети… Петок, 21часот – Наташа Малинкова Сабота, 21 часот – Ивона ЈО Наредниот викенд – повторно со познати пејачи и бендови од македонската поп и рок естрада ….Кога ќе се стемни, PUBLIC – „светнува“ …    

ЈУМИС ВРАБОТУВА ПРОЕКТАНТ НА МЕБЕЛ И ЕНТЕРИЕР

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.