Кочани застана во тишина: Почит за 62-те млади животи згаснати во „Пулс“ од над 300 велосипедисти…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Точно во 12:05 часот, Кочани застана. Пред зградата на некогашната дискотека „Пулс“, граѓани, родители и спортисти оддадоа почит на 62-те млади животи изгубени во трагичниот пожар на 16 март. Едноминутниот молк беше симбол на задоцнетата институционална реакција, но и гласна порака за правда и одговорност.

Во заедничка акција, локалната самоуправа и родителите на настраданите организираа велосипедска тура во која учествуваа над 300 учесници. Меѓу нив беа и тркачи, деца и млади спортисти.

„Дали навистина треба трагедија за да се сплотиме? Да си бидеме поддршка, да сме заедно? Овде сме, не се откажуваме, ќе се бориме. Заслужуваме одговори и ќе инсистираме на нив,“ изјави Жаклина Пауновска-Ангеловиќ,овластен сообраќаен инспектор во Општина Кочани .

Тишина што зборува повеќе од зборови

Градот и по речиси два месеца останува завиен во болка. Кочанчани велат дека ќе бидат потребни години, можеби и децении, за животот да се врати во нормала. Трагедијата остави неизбришлива рана, а спомените за младите што ги загубија животите, сѐ уште се свежи.

„Безбедноста ни е приоритет. Многу мали деца се дел од дефилето, мораме да бидеме внимателни,“ рече еден од родителите организатори.

Истрагата во тек – одговорноста сѐ уште недостижна

Како што претходно информираше јавниот обвинител Коцевски, истрагата за несреќата во дискотеката „Пулс“ е во завршна фаза и се очекува да биде комплетирана до 17 јуни. На случајот работат 13 јавни обвинители, а моментално истрагата се води за кривично дело – „тешки дела против општата сигурност“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Поради одрони, отежнат сообраќајот на патот Делчево-Македонска Каменица

Поголеми одрони се забележани по делчевското село Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде што на патот има поголемо количество земја и камења. Интензивните врнежи од дожд во текот на ноќта предизвикаа одрони на дел од патните правци во земјава. Поголеми одрони се забележани на патниот правец Делчево-Македонска Каменица по селото Очипала, во близина

Утревечер во „Бели мугри“ – „БУЧАВА ШТО СОЗДАВА ИДЕНТИТЕТ“ – ретроспективна изложба на Тошо Филиповски

На 21 ноември (петок), во 19:30 часот, во просториите на НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, ќе биде отворена ретроспективната изложба насловена „Бучава што создава идентитет“, посветена на 60 години македонска рок култура, музика и поезија (1963–2023). – Изложбата претставува визуелна и документарна приказна за развојот на македонската рок сцена, преку внимателно одбрани фотографии од

Иван Богданов именуван за в.д. директор на ОУ „Климент Охридски“ – Облешево

Иван Богданов е назначен за нов вршител на должност директор на Основното училиште „Климент Охридски“ во Облешево. Богданов, кој речиси десет години работи како професор по музичко образование во оваа образовна установа, доаѓа на местото на досегашниот директор Јорданче Костадинов, кој неодамна стапи на функцијата градоначалник на општината. Назначувањето е извршено минатата недела. Од училиштето