Кочани пред скоро половина век…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Видеото што го сподели „Старо Кочани“ на социјалните мрежи предизвика голем интерес во јавноста.

Коментирајќи го градот на оризот во далечната 1982 година, посебно внимание предизвика постот  со наслов „Кочани  – заспаниот џин што чека да се разбуди!“

Не можевме да останеме рамнодушни и да не ги реобјавиме, со искрена надеж дека Кочани повторно ќе биде најубав и најчист град!

Кочани – заспаниот џин што чека да се разбуди!

Деновиве на интернет кружи видео од 1982 година слика од едно друго Кочани. Град што дишел, што живеел, што растел. Река од луѓе, насмеани лица, работници што не можеш да ги разминеш кај Руен. Енергија што се чувствува, надеж што се гледа во очите на секој човек.

Она што ме натера да го напишам овој текст е што ова видео го споделуваат луѓе од други градови, а еден од нив го наслови: „Индустриски, трговски и едукативен џин беше Кочани!“ Некогаш овој град бил препознаван по напредокот, по духот, по луѓето што го граделе со љубов и работа. А денес? Денес Кочани е град што собира отпад од другите градови. Град што стана тема за потсмев. Град што некогаш беше центар на истокот, а денес е центар на отпадот, на негативноста, на заборавот. Каде згасна љубовта кон овој град? Кој го продаде неговиот дух? Дали во бескрајната трка за профит, оние што го водат го изгубија неговото значење? Или уште пострашно дали сите ние дозволивме тоа да се случи? Заборавен од институциите, а најтажно заборавен од сопствената држава.

Во последните години Кочани не се развива – Кочани се гуши. Од најчист град во Македонија, денес е меѓу најзагадените. Погледнете што се случи со депонијата. Дали смееме да гледаме настрана? Но, Кочани не е изгубен. Кочани не е мртов. Џинот само спие. И ќе се разбуди. Ќе се разбуди кога ќе сфатиме дека никој нема да го направи ова место подобро за нас ако ние самите не го направиме.

Кога ќе ја оставиме политиката настрана, кога ќе почнеме да се почитуваме меѓу себе, кога ќе си го сакаме градот како што го сакаа тие луѓе од видеото.

Кочани, граду мој, ќе бидеш најубав повторно!

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Од денес со ознака за квалитет на eTwinning училиште

Денес на ОУ ,,Св. Кирил и Методиј” од Кочани му беше доделена Ознаката за квалитет за eTwinning училиште, пишува КиМ Ко Инфо. „Ова признание ја потврдува нашата посветеност на современи, иновативни и колаборативни наставни практики, кои ги поврзуваат учениците и наставниците со европски партнери. eTwinning придонесува за развој на дигитални вештини, креативност, размена на идеи

АПЕЛ: Да го довршиме храмот „Св. Петка“ – во Кочански Дол

Пред околу три децении започна изградбата на храмот посветен на Света Петка, лоциран во селото Кочански дол, а  во негова близина има извор со света вода, за кој многумина веруваат дека е благословен токму од светицата. Иако темелите се осветени, низ годините изградбата се одвиваше бавно поради недостиг на финансии. Денес, благодарение на иницијативата на

Левица со Жаклина Филипова-Свеќаровска во трката за градоначалник на Кочани

Политичката партија Левица ја објави кандидатурата на Жаклина Филипова-Свеќаровска за градоначалничка на Општина Кочани на локалните избори закажани за 19 октомври. Таа е актуелен член на Советот на општината и делува како советничка од редовите на Левица. Со оваа кандидатура, бројот на пријавени кандидати за функцијата градоначалник на Кочани досега достигна пет. Освен кандидатката на