Кочани: „Доста беше“ со кривична пријава против градоначалникот и претседателот на Советот, Грозданов најавува одлука за директорот на ОУ „Никола Карев“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Советничката група „Доста беше“ денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Кочани против градоначалникот Владко Грозданов и претседателот на Советот, Александар Андов. Според нив, причината е  судир на интереси поради истовремено извршување на повеќе функции од страна на претседателот на Советот, како и тоа што градоначалникот не го разрешил од директорската позиција.

Советничката група на ,,Доста беше“ поднесе кривична пријава до градоначалникот на општина Кочани, поради непостапување за судирот на интереси на претседателот на Советот на Општина Кочани, за кој денес исто така поднесовме кривична пријава. На 4 март како советничка група поднесовме барање за постапување до градоначалникот на Општина Кочани по изјаснетото мислење од Државната комисија за спречување на корупција. Досега нема никаква реакција, градоначалникот досега требаше да реагира и да го разреши од директорското место на основното училиште претседателот на Советот. Како што е наведено и во упатството при судир на интереси и во политиката за интегритет на Општина Кочани. Прашањето кое се поставува е кој кого штити во оваа политичка игра која е деструктивна за граѓаните, дали партиски следбеници се штитат едни со други на сметка на балансот на интегритетот на институциите. Советничката група на ,,Доста беше“ нема да се откаже од разрешувањето на оваа незаконита ситуација и ги повикуваме и другите политички и не политички активни посилно да реагираат и да ни се придружат, посочи на утринскта прес конференција, Филип Цветанов, советник од советничката група ,,Доста беше“.

На прес-конференција, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов најави дека очекува конечна разрешница за случајот со директорот на ОУ „Никола Карев“ Александар Андов.

Притоа, тој истакна дека правната постапка се води согласно законските прописи, како што се обврзал уште од преземањето на функцијата за доследно и одговорно работење.

Предметите не стојат во фиока, постапуваме чесно, домаќински и одговорно –  нагласи Грозданов, осврнувајќи се на реакциите од советничката група „Доста беше“, која на 4 март, поради неспоивост на функциите директор и член на Советот, достави барање за разрешување на директорот на „Никола Карев“.

По приемот на барањето, Општина Кочани побара мислење од Државната комисија за спречување корупција, кое пристигна на 1 април. Во него се наведува дека директорот е должен да ги почитува правилата за неспоивост на функции. Со дополнително известување од 14 април, Комисијата укажа дека градоначалникот треба да постапи согласно законските прописи – односно да го разреши директорот или тој самиот да поднесе оставка. На 21 април, до директорот испративме известување со целосното мислење на Комисијата и барање да постапи во разумен рок. Од училиштето нѐ информираа дека со ситуацијата е запознаен и Училишниот одбор, кој побара дополнително време за да заземе став – соопшти Грозданов.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани – Интервенирале полицијата, ТППЕ и итната помош…

Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што непознат сторител се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на оградата околу храмот. На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа

71 година Радио Кочани и 16 години Радио Кочани ФМ

Радио Кочани годинава одбележува 16 години постоење – од класично радио до современ мултифункционален медиум. Покрај радиофреквенцијата 91,4 мегахерци, денес посебен акцент се става на видео продукцијата, која станува сѐ поважен дел од информирањето, oд која месечниот досега на прегледи ни достигна до 20 милиони. Со своето присуство на социјалните мрежи и веб платформите, Радио

Тоневски: Во тек е евалувација на понудите за изградба на современиот систем за отпад во село Мечкуевци

Во тек е евалуацијата на понудите од компаниите, кои се јавиле на распишаниот тендер за изградба на современиот систем за управување за отпад во Светниколското село Мечкуевци, каде што ќе се селектира и на современ начин ќе се депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот Плански Регион, информираше денеска претседателот на Советот на