Поради планирани активности на Електродистрибуција АД Скопје, подружница Кочани, на 26 март 2026 година ќе дојде до прекин на електричната енергија во атарот на Пумпната станица во Грдовци, што ќе предизвика и прекин во водоснабдувањето на цела општина Кочани.
Од КЈП „Водовод“ Кочани информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9:30 до 21:00 часот.
Надлежните апелираат до граѓаните навремено да се подготват и да обезбедат доволни количини вода за основни потреби во текот на денот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









