Кочанчанец криел 122 килограми марихуана во подрумот на својата фирма

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 73 годишниот И.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

 

 

На 15 февруари 2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 килограми марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Амфенол“ има потреба од работници на повеќе позиции

Амфенол Технолоџи Македонија има потреба од нови вработени на следните позиции: 1.Оператори во производство 2.Оператор за подготовка на производство        3. Сетери и техничари за одржување        4. Техничар за контрола на квалитет        3. Инженер за квалитет Компанијата нуди одлични услови за работа, редовна плата, храна и превоз и одлични можности за кариерно унапредување. Дополнително

ЌЕ СЕ ГРАДИ ДОЛГОНАЈАВУВАНИОТ ЕКСПРЕСЕН ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА -ДЕЛЧЕВО

Изградбата на овој пат ја најави премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Виница. ремиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на нов инфраструктурен проект, експресниот пат Кочани–Виница–Делчево, кој, како што рече, со години бил ветуван, а сега влегува во фаза на подготовка. – Следната недела ќе биде распишан, јавен повик за изработка на физибилити

Митрополитот Иларион го освети манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

Во населбата Трајаново Трло денеска свечено беше осветен новоизградениот манастир „Св. Димитриј Солунски“. Чинот на осветувањето и Светата архиерејска литургија ги предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со свештенослужителите од Кочанското архиерејско намесништво. На свеченоста присуствуваа голем број верници, кои со молитва и духовна радост го одбележаа овој значаен ден за православните