Кочанчанец криел 122 килограми марихуана во подрумот на својата фирма

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 73 годишниот И.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Пријавениот, како што соопшти денеска МВР, во магацинските простории на својата фирма во Кочани, вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

 

 

На 15 февруари 2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 килограми марихуана и 31,39 литри масло од канабис.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Лебот во Кочани поскапе – цената достигна до 40 денари

  Од денеска граѓаните на Кочани плаќаат повисока цена за лебот, кој е поскапен за околу 5 денари и во дел од продажните места достигнува до 40 денари. Новите цени веќе се применуваат во повеќе пекари и маркети низ градот. Според пекарите, поскапувањето е резултат на зголемените трошоци за производство, вклучително и цените на суровините,

Агресивен возач под дејство на алкохол приведен во Кочани – одбил алкотест и им се заканувал на полицајци

На 31.03.2026 околу 18:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР кочани го привеле Б.М.(34) од с.Нивичани, кочанско. Претходно, при редовна сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што тој одбил да се алкотестира и почнал агресивно да се однесува и да им се заканува на

ЕВН ВРАБОТУВА…

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република  Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА За потребите на Кориснички Енерго Центaр во Штип во Група 2, бараме: ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ воШтип (М/Ж) Работни задачи:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа Отчитување на податоци од