Книгата „Македонци“ од Бранислав Светозаревиќ промовирана во десет градови во Германија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод светскиот месец на книгата (октомври), во организација на македонските културни здруженија „11 октомври“ од Солинген и „Македонско сонце“ од Дизелдорф, денеска се одржа промоција на книгата од д-р Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Македонци – милениумски сведоштва за македонското име“ во Македонскиот културен центар „Македонско сонце“ во Дизелдорф.

Оваа година здружението „11 октомври“ од Солинген прославува 35-годишен јубилеј и настанот е покриен со богата културно-уметничка програма и настап на македонските естрадни уметници Татијана Стефановска и Миле Кузмановски дополнето со сплет на македонски ора во изведба на фолклорните друштва „Македонија“ од Уна и „Македонско сонце“ од Дизелдорф.

Целoвечерниот концерт на македонските уметници има хуманитарен карактер и средствата се донираат на хуманитарната организација „Св.Спас“ од Драчево во помош на нивните проекти и на лицата на кои таа им е најпотребна.

Честитајќи го јубилејот на домаќините, авторот Светозаревиќ-Покорни одржа одлично предавање пред присутните изнесувајќи бројни факти за македонското милениумско постоење и цитираше бројни светски имиња кои пишувале за Македонија, македонскиот народ и македонските обичаи.

Книгата на д-р Светозаревиќ-Покорни „Македонци – милениумски сведоштва за македонското име“ и понатаму доживува невидена популарност во Македонија и во иселеништвото во време кога македонскиот идентитет и јазичен простор доживува кулминација во негово негирање од соседите на Македонија во обид да се избрише трагата за постоење на Македонците.

Носечки цитат на неговото дело е фрагментот од италијанскиот историчар и писател Џорџо Нуриџани кој во својата книга за Македонија издадена во 1933 година во Рим вели:

„Сите завојувачи на Македонија, од Хелените и Римјаните, до варварите во текот на нивните преселби и  Турците – сите се обиделе да ја избришат македонската свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки. Но залудно. Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец“.

Д-р Бранислав Светозаревиќ-Покорни е историчар, архивист и еден од основачите на Музејот на македонската борба и негов прв директор во периодот од 2010 до 2018 година.

Исклучитено плоден истражувач на македонското минато и автор на капиталното дело  „Македонци – милениумски сведоштва за македонското име“ кое доживеа неколку изданија на македонски и англиски јазик и автор на бројни стручни трудови, рецензии и телевизиски емисии. На македонската јавност Бранислав Светозаревиќ-Покорни е исто така познат по бројните награди кои ги добива во промоција на македонската филателистика во светот и поседува богати збирки на ретки поштенски марки и поштенски картички кои подеднакво се претставени на изложби во Македонија и во странство.

По повод октомври – месецот на книгата, авторот Бранислав Светозаревиќ-Покорни својата книга ќе ја презентира во десеттина градови низ Германија каде се организирани предавања и културно-уметнички програми воедно прославувајќи ги големите национални празници 11 октомври – денот на востанието на македонскиот народ против фашизмот (1941) и 23 октомври – денот на создавањето на Внатрешно македонската револуционерна организација (ТМОРО/ВМРО) во Солун (1893).

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прогласена е кризна состојба во земјава од 30 дена поради зголемeна појава на пожари

Прогласена е кризна состојба во земјава поради зголемана појава на пожарите, во траење од 30 дена, соопшти Владата. Одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина. Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на...

Жителите на Мало Коњари и Кадино село да пријават штети од невремето на 27 јуни

Општина Прилеп ги известува жителите на селата Мало Коњари и Кадино село да пријават штети настанати на земјоделските посеви и насади од невремето од пороен дожд, ветер и град кое на 27 јуни ги зафати атарите на овие две села: КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА...

ИКТ Центарот во Прилеп ќе чува податоци од Народна банка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи и отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи (и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка. Центарот во Прилеп...