КK „Партизан“ – Филип Стојанов на Евроско првенство

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На  15 овој месец во Скопје се одржа Бергер Државниот натпревар кој беше изборен за состав на Репрезентацијата на Македонија за учество на Европското Првенство за Кадети Јуниори и У 21 што ке се одржи во месец Февруари 2025 година во Полска.

На овој Бергер турнир учествуваа првопласираните четворица од секоја категорија кои изборија пласман на Државното првенство кое се одржа пред две недели и се натпреварува по системот секој со секој односно имаа по 3 борби се со цел да се избере најдобриот во секоја категорија што ке не претставува на Европското Првенство.

Од Карате клубот Партизан за овој Бергер турнир изборија пласман Тројца натпреварувачи и сите тројца настапија денес. Освоивме еддно прво, едно второ и едно трето место.

1.Филип Стојанов освои прво место во категоријата Кумите Јуниори ( +76 кг) и со три освојувани победи ја продолжи доминацијата во својата категорија и без ниту еден изгубен меч на државното првенство и на Бергер турнирот избори пласман за Европското Првенство во Полска

2. Јован Арсов по освоеното трето место на Државното првенство денес прикажа одлични борби и извојува 2 победи но во директната борба за прво место и пласман на Европското Првенство загуби од својот противник со еден поен разлика и не успеа да се пласира за Европско.

3. Владимир Трајков кој исто така беше трет на Државното првенство денес го потврди третото место но и тој не успеа да влезе во состав на Репрезентацијата на Македонија.

Им честитаме на сите тројца за постигнатиот резултат а на Филип Стојанов му посакуваме добар настап на Европското Првенство и по освоените сребро и бронза од Балканското првенство што се одржа пред 2 месеца во Сараево да не израдува и со медал од Европското Првенство.

Информацијата е изготвена од КК „Партизан“

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Твојата следна кариерна прилика те чека!

Твојата следна кариерна прилика те чека! Антариас бара агенти за продажба во Кочани ! Информации на: 070/325-535 Локација: Спроти Паркот на Револуцијата

Градежната компанија „Техком“ вработува..

Сакаш работа што носи сигурна плата, напредување и одлични бонуси? ТЕХКОМ од Кочани вработува веднаш! Потребни се армирачи, бравари и ракувачи со градежни машини! Нудиме редовна плата, одлични услови за работа, можност за напредување и атрактивни бонуси! Јави се веднаш на 033 271 225 или дојди директно во дирекцијата на ТЕХКОМ во Кочани! ТЕХКОМ –

Оризопроизводителите најавуваат радикални протести поради ниската откупна цена на оризот

Поради ниската откупна цена на оризот,  што се движи од 18 до 20 денари, производителите од кочанско највуваат радикални протести. Од реколтата 2025-та , земјоделците велат дека оклолу  5% е откупен оризот и по цена неприфатлива за нив, а останатите колични им стојат во амбарите. Повече на оваа тема од изјавите на Тони Максимов и