КК „Кочани“ – 19 медали на „Солидарност опен“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вчера во Скопје на 23 -от меѓународен турнир “Солидарност Опен” нашиот клуб, КК „Кочани“ настапи со 13 натпреварувачи.

Се враќаме дома со вкупно 19 медали и  трето место во генерален пласман од сите клубови – 7 златни, 4 сребрени, 8 бронзени.

Во дури 2 категории, финалните борби беа целосно наши – се сретнаа четворица наши натпреварувачи, кои се бореа еден против друг за златниот медал! Уште еден доказ за посветената работа, тимскиот дух и квалитетот на нашите спортисти.

Браво за сите натпреварувачи и тимот што стои зад нив! Горди сме, вели тренерот на КК „Кочани“, Игор Каров.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ТППЕ и ДПД – Кочани го прославија Денот на пожарникарите

Денеска, во кругот на ТППЕ – Кочани, пожарникарите го одбележаа 20-ти мај, Денот на пожарникарите. В.д градоначалникот Крстевски им се заблагодари на кочанските пожарникари и пожарникарите доброволци  за професионалноста, посветеноста и пожртвуваноста што ја покажуваат при вршењето на својата работа, за заштита на безбедноста на граѓаните. Наградата за Најдобар пожарникар во 2024 година му припадна

Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев го освои златниот медал на 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада

Младиот талент од Кочани, Владимир Грчев, повторно блесна и ни покажа што значи вистински успех! На 29. Македонска јуниорска математичка олимпијада (ЈММО), што се одржа на 18 мај на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, при што тој го освои златен медал, со што, уште еднаш потврди дека неговото име е синоним за знаење и посветеност.