КЈП „Водовод“: Превентивни мерки против замрзнување на водоводни инсталации

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

КЈП „Водовод“ во пресрет на најавите за минусните температури упати апел до корисниците на нивните услуги да се грижат за водоводните приклучоци, односно да не дојде до  пукање на стакло на водомерот или  пукање на цевки, потребно е тие да не ги остават инсталациите подолг период без надзор кога истите се во полна сосотојба, а без проток на вода.

Исто така, постои и можност инсталациите да замрзнат доколку истите не се прописно вградени на соодветна длабочина и ако во завртните славини кои се монтирани над водомерот не е испуштена водата.

Во услови на ниска температура, пожелно е корисниците редовно да ги проверуваат водоводните шахти и водомерите, да ги осигураат капаците, а во случај на екстремно ниски температури, потребно е и дополнитено да се заштитат инсталациите и во водоводната шахта со заштитни средства.

При ниски температури потребно е да се води сметка и за внатрешните инсталации кои подолг преиод се во незагреани простории или се во простории со незаштитени отвори (скршени прозорци).

Во случај на пукање поради замрзнување на приклучоците во водоводната мрежа или на водомерите можете да се јавите во нашата дежурна служба на телефонскиот број  071 226 391

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео