КЈП „Водовод“ – Кочани интервенираше на терен со расчистување на улиците и тротоарите…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
По обилните снежни врнежи кои започнаа во текот на вечерните часови, утрово КЈП „Водовод“ – Кочани интервенираше на терен со расчистување на улиците и тротоарите според приоритетите, согласно Програмата за зимско одржување којашто е делигирана како обврска на комуналното претпријатие.
КЈП „Водовод“ на терен интервенираше со два трактори и машина за чистење на снег, трактор со сеалка и нож, дванаесет метачи кои ги расчистуваа тротоарите, а беа употребени и пет тони сол и осум метри кубни песок кои беа расфрлани на сообраќајниците. КЈП „Водовод“ останува на терен во текот на вечерта и утрешниот ден, кога се најавуваат нови врнежи на снег.
Истовремено избраниот економски оператор „Калина“ Дооел ангажиран од Општина Кочани ги расчистува и патиштата кон кочанските рурални и ридско-планинските терени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За Кочани се поднесени пријави за 70 лица без селективност и двоумење, порача Тошковски на Денот на полицијата

За трагедијата во Кочани Министерството за внатрешни работи спроведе сеопфатна истрага и поднесе кривични пријави против 70 сторители меѓу кои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност без заштита, без селективност, без двоумење, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на Денот на македонската

Амбасадорката Агелер во посета на „Макпрогрес“ – Винчини во Виница

Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, ја посети компанијата „Макпрогрес“ – Винчини во Виница, еден од најголемите работодавачи во  виничкиот регион. Компанијата, која е клучен играч во прехранбената индустрија, не само што обезбедува стабилни работни места, туку активно вложува и во развојот на лидерските вештини на своите вработени и идни кадри. Оваа посета ја истакнува поддршката

ЧЕТИРИТЕ ОПШТИНИ ОД РЕГИОНОТ ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО НАЈМАСОВНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ОТПАД – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025“

Општините Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци и оваа годинава ќе бидат дел од големата национална еко-акција „Генералка викенд“ за собирање и селектирање на отпадот од јавните површини. Акцијата ќе се одржи во периодот од деветти до единаесети мај. Во Кочани ќе се чисти кај Градскиот панаѓур, Споменик на слободата, околу зграда „АСНОМ“ и во Гоцева