Ќе се уништуваат глодарите – започнува превентивна дератизација на канализација

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во периодот од 12 ти март 2025 до 04 април 2025,  ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп ќе ја спроведува пролетната превентивна систематска дератизација. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци, а ќе се третираат подземниот канализационен систем во градот и градската депонија Алинци. Дератизацијата ќе се изведува со користење на отровни мамци (родентициди).

 „

Со цел успешно спроведување на дератизација, како и да се избегнат евентуалните несакани последици граѓаните треба да ги преземат следните мерки: 

Во текот на спроведувањето на дератизација да се оневозможи присп на населението до местата каде е спроведен и означен дератизациониот процес. 
Строго се забранува контакт, преместување и отстранување на родентицидните мамци. 
Да се оневожможи контакт на домашните животни со родентицидните мамци.

Доколку граѓаните не се придржуваат на мерките ЦЈЗ -Прилеп се оградуваат од секаква одговорност при појава на несакани последици,“ стои во соопштението од ЈЗУ Центарот за Јавно Здравје – Прилеп.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепскиот театар затворен од Дирекција за заштита и спасување

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е затворен од страна на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) поради сериозни неправилности кои претставуваат непосредна опасност од пожар и експлозија. Од ДЗС, на 24 март бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што биле утврдени 15 неправилности што се во спротивност со Законот...

МВР:Насилникот избегал при транспорт од Психијатриска болница до Основен суд Прилеп

Полицијата проверува како насилникот кој вчера пукаше и тешко рани вработена во МЦСР Прилеп избегал при транспорт од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар во Основен суд Прилеп и дошол до оружје. На разговор биле повикани повеќе лица, стои во известувањето од СВР Битола:

Напад врз службеник e пат кон неправда!!!

Како во Дивиот Запад – бегаш од затвор, влегуваш во барот на градот со една улица,  пукаш и убиваш. И, решен проблем. Слично сценарио се случи и во прилепскиот Меѓуопштински центар за социјални работи! Избегал од ЈЗУ Психијатриска Болница Демир Хисар, набавил огнено оружје-пиштол, и пукал со цел да ја...