Ќе се снимаат собраќајните прекршоци и ќе се казнуваат прекршителите – стартува пробниот период за системот „Безбеден град“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од утре, 1 декември почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во пробниот период, сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, се вели во соопштението од полицијата.

Инаку, пробниот период е до Нова година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година, системот ќе почне целосно да се применува.

„Сторителите на прекршоци што ќе бидат документирани преку овој систем ќе бидат санкционирани согласно одредба што ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата. Нема да има толеренација без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место“,велат од МВР

Сопствениците на возилата чие прекршување ќе биде документирано, ќе добијат СМС и маил известување со линк, на кој ќе се може да се преземе записник и платен налог. Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина од сумата на казната. По истекот на тој рок, износот мора целосно да се плати во следните осум дена, пред да почне постапката за присилна наплата.

Казните ќе можат да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе ја известува полицијата дека глобата е платена.

До средината на следната година се очекува со овој систем, што детектира сообраќајни прекршоци, да биде покриена целата територија на државата. Со камери засега ќе бидат покриени Скопје, Тетово и Куманово, но и автопатите и експресните патишта долж коридорите „8“ и „10“.  Технологијата ќе нема милост кон прекршителите, а целта е поуреден и побезбеден сообраќај.

Дали камерите ќе ги вразумат возачите, ќе се види веќе во првите недели од системот, кој од утре почнува да снима и да предупредува, а од нова година и да казнува.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Први декември Светски ден против ХИВ/СИДА – Годинава 38 новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА

Годинава има 38 новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во земјава, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје,  објавен по повод 1 декември, Светскиот ден против СИДА. Бројот на новорегистрирани случаи годинава е помал за 25,5 отсто споредено со истиот период од минатата година, кога се регистрирани 51 случај. Од...

УЈП без одговор зошто третина од граѓани не ги добија парите од скенирање сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) без одговор зошто голем дел од македонските граѓани не ги добија своите средства кои им следуваат од скенирањето на фискални сметки. Воедноне работеше ниту апликацијата МојДДВ во поголемиот дел од денот, односно граѓаните денеска не можеа воопшто да скенираат сметки. Инаку, вчера беше последниот рок...

Ладна вечер во Македонија: Плетвар магливо – температурите веќе паднаа под нулата

На Плетвар магла и слаба видливост. Внимателно возење и минимална брзина е најдобрата проценка за безбедно возење на превојот, кој е со над 1000 м, надморска висина. Метеролозите велат дека и понатаму ќе има нискаи температури во текот на ноќта. Возачите сепак треба да внимаваат на можни лизгави делници во...