Катерина Христова, борец за иднината – заокружете број 1 на листата за советници

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Обичен граѓанин, соседка, жена, носител на советничката листа број 1 за советник во Општина Кочани.

Катерина Христова се бори за иднина каде секој граѓанин ќе се чуствува ценет и заштитен.

Довербата од гласачите ја смета за нејзина најголема одговорност.

Еве што изјави за Радио Кочани:

Јас, Катарина Христова, се кандидирам за советничка во советот на општина Кочани. Јас сум обичен граѓанин, сосетка, жена која секојдневно ги гледа радостите и тешкотиите на животот во нашиот град.

Знам дека животот не е лесен – многу семејства страдаат, едно од нив е и моето семејствo, децата растат во неизвесност, а многумина се соочуваат со семејно насилство кое оставa трајни последици.
Мојата мисија како советничка е да бидам глас на оние кои  никој не ги слуша, ќе се борам за безбедни семејства и за иднина каде секој граѓанин ќе се чувствува ценет и заштитен.

Сакам да создадеме реални решенија за проблемите кои навистина влијаат врз животот на луѓето.
Патот е тежок, предизвици има многу, но со заедничка работа и посветеност можеме да направиме вистинска разлика.

Вашата доверба ќе биде мојата најголема одговорност.

Јас ќе се залагам за: Спорт, рекреација, бесплатен фитнес центар за млади до 20 години.

Рана превенција од комарци, чистење на Градската депонија.

Субвенции за бесплатно полагање на возачки испит за млади до 30 години.

Стационари за вдомување и згрижување кучиња и мачиња.

Институционална помош за  жртвите од семејно насилство.

Подршка за такси-превозниците и намалување на давачките.

Пониква со фокус на детски катчиња и адреналински парк, како и зелен пазар во Кочани, срцето на градот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.  

Кампања за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта – P170267 со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани спроведува проектна задача за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Како една од десетте општини во Македонија, Општина Кочани со ОУ „Никола Карев“ спроведе кампања во која беа опфатени учениците од сите одделенија. Едукативните

Јавно осветлување на улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани

Крак од улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани доби јавно осветлување. На неодамна асфалтираниот дел од оваа улица се поставени 8 метални столба со ЛЕД-арматури. Улицата „Генерал Апостолски“ ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, а на овој крак е изградена и велосипедска патека. Со цел да се подобри видливоста во вечерните часови на јавно-прометните и сообраќајните