Карпалак е рана и завет, Прилеп се сеќава – 24 години без хероите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со положување цвеќе пред спомен комплексот „Карпалак“ во Прилеп, денеска беше одбележана 24 годишнината од погибијата на 10 – те прилепски бранители кај Карпалак, во конфликтот 2001 година. Државни делегации од Владата, претставници од Собранието,  АРМ и  МВР, делегации од  Општината, локалните  институции, семејствата на бранителите, политички партии, здруженија на бранителите, граѓани, положија свежо цвеќе на спомен – обележјето „Карпалак“ во центарот на Прилеп. Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, во својот говор посочи дека  градот вечно ќе се чува споменот на загинатите кај Карпалак.

„На овој ден, 8 август, Прилеп се сеќава. Се сеќава со болка, но и со гордост. Стоиме денес исправени пред споменикот на нашите 10 херои – браќа, синови, пријатели, сограѓани чии имиња засекогаш ќе одекнуваат во меморијата на овој град и на нашата држава: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Веби Рушидоски, Горан Миноски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Вељаноски. Тие беа луѓе како сите нас – со семејства, со соништа, со иднина пред себе. Но одлучија да застанат на браникот на татковината тогаш кога тоа беше најтешко. И таа одлука ги направи бесмртни. На 8 август 2001 година, во утро обвиено со трагедија, Прилеп остана без 10 свои синови. Кај Карпалак, беа кукавички нападнати додека ја исполнуваа својата должност – да ја чуваат слободата и мирот на Република Македонија. Тоа не беше само напад врз нив, туку напад врз иднината, врз достоинството, врз секој граѓанин кој верува во слобода и мир. Почитувани, Повеќе од две децении поминаа, но болката не минува. И не треба. Затоа што таа болка нè потсетува колку скапо ја плаќаме слободата. И нè обврзува – да не заборавиме, да не се откажеме, да не дозволиме злото повторно да се повтори. Нивната жртва е наш аманет. Нивната љубов кон Македонија е наша водилка. Нивната храброст е темел на иднината што ја градиме – тивко, достоинствено, со мир, разбирање и заедништво. Денес, не сме тука само да се потсетиме. Денес сме тука да ветиме – дека нема да ги заборавиме, дека ќе ги учиме нашите деца за нив, дека ќе ја чуваме оваа земја што ја сакале повеќе од својот живот. Карпалак е рана, но и завет. Завет дека Македонија ќе биде држава на правда, на мир и на достоинство. Завет дека нема да има повеќе поделби и омраза. Завет дека нашето минато ќе нè учи, а не да нè разделува. Семејствата на загинатите херои – не сте заборавени. Вашата болка е болка на цел Прилеп. Вашето достоинство е сила за сите нас. Нека е вечен споменот на десетте прилепски херои. Нека е вечна славата на нивното дело. Да живее Македонија – мирна, обединета и горда. ВЕЧНА СЛАВА НА ХЕРОИТЕ ОД КАРПАЛАК! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“

, рече Јовчески во обраќањето.

Како претставник на владината делегација, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, и еден од преживеаните од одвој настан,  при оваа прилика рече:’„

На 8 август 2001 година во кукавичкиот напад на ОНА кај Карпалак, во напад на конвој со над 120 прилепски резервисти животот го загубија 10-те македонски херои.  Овој ден е силно врежан во моите мисли, кога заедно со повеќе од 100 резервисти бевме сведоци на ужасот кој им го одзеде животот на моите соборци кои загинаа во одбрана на нашата татковина. Нивните имиња вечно ќе останат во нашата меморија, а наша должност е достоинствено да ги чествуваме, да се сеќаваме на нивната жртва и да го пренесеме нивното херојство и љубов кон Македонија на идните генерации.“  рече тој пред присутните.

На 8-ми Август 2001 година, околу 10 часот конвојот на АРМ,во кои беа 100 тина прилепски резервисти, беше подмолно нападнат од заседа. Притоа беше погодено едно транспортно возило во кое беа 8 војници и двајца офицери,сите од прилепскиот резервен состав кои утрото тргнаа кон Тетово, да го бранат суверенитетот и интегритетот на Р. Македонија. Во тој немил настан загинаа: Нане Наумоски (48), Сашо Китаноски (39), Бранко Секулоски (42), Горан Миноски (29), Ердован Шабаноски (20), Веби Рушитоски (26), сите од Прилеп, како и Марко Деспотоски (27) од прилепско Новоселани, Љубе Грујоски (31) од прилепско Пашино Рувци, Дарко Велјаноски (27) од прилепско Ропотово и Пеце Секулоски (29) од прилепско Бело Поле.

Во рамките на чествувањето 24 години од загинувањето на 10 прилепски резервисти во воениот кофликт во 2001 година, вчера делегации од семејствата на загинатите, од преживеаните бранители во конфликтот, од општинскиот совет, градоначалникот на Прилеп, претставници од АРМ и претставници од политички партии, положија цвеќиња пред споменикот во кругот на касарната „Мирче Ацев“, како и пред спомен плочата на загинатите бранители во село Лениште.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОО на СДСМ – Прилеп смета дека искажаните ставови на прес од владеачката партија се клевета за нивниот кандидат за градоначалник

„Масовна поддршка на прилепчани за кандидатурата на Петра Лукароска, клеветниците од ДПМНЕ работат во корист на сопствената штета“, рече Александар Китаноски на денешната прес конференција,додавајќи:

Изложба и промоција на книга „FLOW“ од прилепската уметница Александра Ацеска

Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп на  14 август 2025 /четврток/ од 20.00 часот во Ликовната галерија ќе биде отворена изложба и промоција на книга „FLOW“ од прилепската уметница Александра Ацеска .  „Flow го истражува патот на животот преку водата. Проектот е составен од уметнички дела,...

В недела кај Саатот – 200 години културна и друштвена меморија

Саатот во Прилеп не е само стара кула во срцето на градот – тој е сведок, симбол и простор што ги поврзува генерациите и културите. Последниве неколку години, Саатот прерасна во место за средби, идеи, пријателства, иницијативи, дебати, музика и игранки… Оваа недела (17.08.2025), со почеток во 20:30 часот,Winter Apricots...