Каралиоска е дел од македонскиот национален тим У-17 за европските квалификации (ВИДЕО + ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 3 до 12. март ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство.Прилеп го претставува Јована Каралиоска  која е дел од составот (игра во средниот ред)  а да потсетиме дека девојките ги предводи уште една прилепчанка Катерина  Милеска

Македонските репрезентативки успеаа со високи 5:0 да триумфираат во првиот дуел на овој квалификациски турнир против Молдавија а Каралиоска го одигра цело второ полувреме.Следна е пресметката со Словенија.

Македонија – Молдавија   5:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Мила Панева (Тамара Лазеска 82′), Блехана Алиеска, Меланија Грозданова, Ева Величкова (Ноелле Митревски 70′), Настасја Накова, Теона Галабовска (Розита Пецева 82′), Калина Попески (Елена Наумовска 70′), Канита Емини, Ана Марија Цветкоска (Јована Каралиоска 46′), Андреа Коловска;

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...