Кампањата огледало што покажува што граѓаните очекуваат, но што веќе не прифаќаат

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Елизабета Филипоска /новинар/

Локалните избори се секогаш најмасовните во државата, зашто во нив учествуваат голем број на граѓани кои сакаат да бидат дел од локалните одлучувања. Оваа година, Приелп има 279 кандидати за советници, и, плус, девет кандидати за градоначалници, кои се во трката за место во општинската власт – бројка која, мора да признете, физички тешко може да се селди како за како граѓанин да направите правилен избор.

Инаку, добив капче, пенкало и нотес, од една политичка партија, која учествува на локалните избори и која, јас би рекла, сè уште го користи „застарениот“ принцип од „врата на врата“ како дел од својата изборна кампања. Подарената капата не ја менува мојата одлука, но ми даде за право да анализарм “каква локална изборна кампања имаме – модерна, инвентивна, корисна или досадна и непродуктивна?!’. Се сменило ли нешто во овие осум изборни циклуси на локално ниво на подобро, на полошо, или  е из(по)меѓу?!

Од граѓански и професионален аспект, би рекла дека кампањите на партиципиентите на Локални избори 2025 се покажаа како неинвентивни, монотони, без иновации, со ветувања без стратегии, со бледа реторика, досадни, еднолични, без реална оптимална мобилност, со етноцентризам без конкретна анализа, со ограничени погледи и ставови на кандидатите (чест на малобројните исклучоци) кои во голема мера со своите проекти отстапуваат од реалната локална слика. Но, и со слаба кадровска понуда, или повеќе би рекла, бледа кадровност на содржината на избрание кандидати (не елковентни, со сериозен блед наративен дискурс, со неразбирање и непознавање на содржините, без политичко предзнаење и начин на промотивно презентирање), лица кои не биле опшествено активни во зедницата, ниту дале општествен – придонес за респект и паметење, без автентичност, со слаби политички предзнаења и опшествени – политичко знаења, со минимална политичка култура и со недоволно познавање на функционирањето на локалните институции, без видни демократски капацитети.

Формите на презентација исто така – непроменети! Кампањите на политичките партии како онаа од далечните 96. Се карактеризира со директни средби со граѓани, посети на маала, на пазаришта, на локални манифестации (што е типично за балканскиот политички етос,) со билборди, со исти бои и слични девиза за визијата на Прилеп, без нови модели кои би предизвикале вниманието кај публиката (гласачот), без обид на сериозна видливост.. А, независните, со недоволно искуство и минимално медиумско и промотивно познавање, како да им пристапат на гласачкото тело – останува да ги користат „како што знаат и умеат“ само социјални мрежи (Фејсбук за возрасната популација, и дел од нив, Инстаграм, за гласачката младата популација), како варијанти и простор за изразување, што ја губи сериозноста и потврдата на реално кажаниот збор.(кажан збор, ретко  во јавност.)

Во однос на темите – прилепските кандидати се фокусирани на локални проблеми – инфраструктура, водоснабдување, урбанистички планови, обиди за рационален пристап кон одредена тема без длабока анализа и приоритетна потреба на граѓаните. Во голем дел локалните теми се со театрални димензии, со ветувања тешко остварливи, со предлози и проекти кои не може да се реализираат ниту во научно фантастичен филм за Прилеп.

Реториката бледа, неуверлива и на места деструктивна и деградирачка – типично за прилепскиот (македонскиот) политички дискурс, со обвинувања за „неспособност“, „корупција“ или „заборавен народ“ со креирани фотогрфии преку ВИ за деградација и дискредитација на кандидати, (особено насочена кон оние од владејачката структура) или „злобен, навредлив, понижувачки речник“ насочена и кон оние кои не се согласуваат со идеологијата на другиот (“слободно говрење“,“храбро “ и „дрско“ рааат, што би рекле прилепчани, само на ФБ). Кандидатите користат социјални мрежи, видеа и инфографики со кратки, ударни пораки – често во стилот на маркетинг кампањи. Ова ја прави реториката визуелно привлечна, но понекогаш и површна или насочени кон дискредитација на противниците.

А, граѓаните веќе знаат да препознаат по стилот, тонот и автентичноста на пораките, а не само по содржината, иако реториката не се слуша во вакуум – туку низ призмата на минати искуства, од минатите градоначалници.

Карактеристично за оваа кампања е тоа што Прилеп медиумски не може да ги покрие сите кандидати. Практично, Прилеп има недостиг на локален медиум, односно 10 години е без визуелен медиум, поради што многу кандидати и многу теми остануваат невидливи за граѓаните. (Ништо подобро не е и со соседните општини: Кривогаштани, Долнени, Крушево …). Дебати на локално ниво нема! Медиумите, расцепкани и оставени по еден или двајца новинари, остануваат без интегритетот да делуваат на јавното мислење, да ја подигаат политичка свест кај граѓаните за важноста на локалните, а не националните теми. И, во оваа „медиумска пустина“ на локално ниво, веднаш се формира различен кампањски ефект, зашто “сите се познаваат, генерално, сите се вклучени во кампањските води во различните опции“ со што се губи реалната слика, за правилна одлука на граѓанинот во изборот на вистински кандидати. Па, без локален медиум, како глас на заедницата, победникот на овие, па и на сите следнте избори, во овие мали општини, речиси секогаш ќе биде решен!

Но, сепак, на крајот, мое или ваше мислење за кампањата, ваква или онаква, таа останува огледало кое покажува што граѓаните очекуваат, но и што веќе не прифаќаат!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Црвено-црната фурија на гости во Големо Коњари, фудбалски празник за сите

ФК Големо Коњари в четврток 16.10.2025 од 15 часот на свој терен ќе игра пријателски-контролен натпревар со прволигашот ФК Вардар. Новопечениот вторигаш Големо Коњари не ја испушта шансата да се соочи со еден од најтрофејните фудбалски клубови во земјава, но во исто време да го прикаже тревнатиот терен кој е...

Важи и за македонските граѓани – За влез и излез во Хрватска посебни ленти на граничните премини означени со EES

Граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, на чии граѓани не им се потребни визи за влез во Европската Унија од почетокот на имплементацијата на системот EES, ќе влегуваат на посебни делови од граничните премини со Европската Унија наменети само за нив. Ова значи дека...

(ВИДЕО)Во Прилеп прв фестивал на рана музика-доближување на музиката од минатите векови

На 16 и 17 октомври во организација на ЦК „Марко Цепенков“со поддршка на Министерството за култура ќе се одржи новиот фестивал „Dulcia Sonant“ на рана музика, кој се реализира за првпат во Македонија. Целта е да се оживее и доближи музиката од византискиот и ренесансниот и средновековниот период. – Фестивалот...