Како ОБСЕ (ОДИХР) како набљудувачи ја оцени кампањата и изборите?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Меѓународната набљудувачка мисија, предводена од Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), оцени дека изборите им понудија на гласачите вистински избор меѓу различни политички алтернативи. Кандидатите можеа слободно да водат кампања, а основните слободи беа почитувани.

Изборниот процес беше негативно погоден од силната политичка поларизација и разочараноста на јавноста од политиката. Кампањата беше доминирана од прашања за националниот идентитет и етничката застапеност, кои ги потиснаа локалните теми од интерес за граѓаните, како што беше забележано во преодниот извештај на ОДИХР.

Набљудувачите укажаа на системски правни празнини, особено во надзорот на финансирањето на кампањата. “Иако изборната администрација ефикасно ги спроведе подготовките, нејзината работа беше отежната од недостатоци во законодавството и ограничени ресурси, изјави шефот на мисијата на ОДИХР,“ Матео Мекачи.

Биле забележани и случаи на злоупотреба на јавни ресурси и притисоци врз вработени во јавниот сектор. Помалите партии и независните кандидати немаа адекватен пристап до медиумите и финансиски средства, што бара реформи за обезбедување еднакви можности за сите учесници во изборниот процес, стои во извештај на ОДИХР.  Покрај законската квота од 40 отсто, жените остануваат недоволно застапени во политиката. Од вкупно 309 кандидати за градоначалници, само 32 беа жени, што ја нагласува потребата од дополнителни напори за постигнување родова рамноправност во јавниот и политичкиот живот, пишува во извештај на ОДИХР.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...