Кaко да се заштитиме од лажните информации?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 2 и 3 декември во хотелот Гардениа во Велес се случи втората обука за новинари во рамки на проектот ,,Подготвени со интегритет за унапредување на одговорното споделување информации и отпорност во информацискиот простор“

Извршната директорка на Естима (estima.mk) Ана Крстиновска, објасни дека обуката е наменета за млади новинари и новинари кои работат на младински теми со цел да се обучат, да ги препознаваат сите манипулации во информацискиот простор и да развиваат соодветни стратегии како да се справат односно како да не ги споделуваат  понатаму во рамки на нивното известување.

Главната мотивација за ваков проект насочен кон младите  e тоа што токму младите се ранливи на лажните информации, но на поинаков начин за разлика од вкупната популација. Тие практично живеат во интернет просторот и многу повеќе ги користат социјалните медиуми за да се информираат и за да дознаат што се случува во светот и  околу нив. Истовремено, повеќе истражувањата покажуваат дека младите само понекогаш пристапуваат кон проверка на информациите кој што доаѓаат до нив и не ги проверуваат изворите и авторите на тие текстови и не ја истражуваат можната позадинска намена на пласираните содржини-објаснува Крстиновска.

Оваа обука опфати неколку модули, а тоа беа манипулациите и пропагандата. Беа  секцирани техниките и алатките кои што се користат во ширењето на манипулации и пропаганда, не само во оналјн просторот кој е најкритичен туку и во традиционалните медиуми. Златко Симоновски, проектен менаџер при Естима, зборуваше за најкритичните области за ширење на дезинформации, мисинформации и малициозни информации кои беа дискутирани и во рамки на обуката.

Разговаравме со какви се манипулации се среќаваме во домашната и во меѓународната политика, во јавното здравје, во идеолошките убедувања, климатските промени  и животната средина. Во однос на степенот на манипулациите сите овие области се критични бидејќи станува збор за теми кои со интерес се следени од граѓаните, па токму така безброј лажни информации се пренесуваат на дневно ниво-предупредува Симоновски.

Тој истакна  дека поголем дел од присутните новинарите на оваа обука беа од  внатрешноста, бидејќи како организатори сметаат  дека тие имаат еднакво право како и новинарите од Скопје,  да ги зголемуваат сопствените капацитети, спсообности, вештини и знаења за можат подобро да се справат со предизвиците што ги носи денешното новинарство.

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинарите на Македонија, потсети на неопходноста на придржувањето кон новианрските етички норми и стандарди но и од важноста од присуството на вакви колаборативни настани на медиусмкките работници.

Учествуаа  новинари од повеќе национални и регионални медиуми, а тоа  што нас не обединува како професионалци се темите за кои се разговараше на обуката како етиката, интегритетот и новинарските стандарди кои секојдневно треба да се почитуваат со цел да не ја изневериме публиката и со цел да се креираат медиумски содржини кои се од јавен интерес-истакна Секуловски.

Обуката ќе има и своја трета онлајн етапа, а соработката меѓу присутните новинари продолжува со нивната можност за заедничко креирање на конректни медиумски содржини.

Ваквите настани, смета тој, ја подигнуваат новинарската солидарност, остварува нови контакти за соработка меѓу медиумските професионалци  од различни медиуми и на тој начин позитивноста од оваа практика ќе биде препозната и од граѓаните.

Оваа обука апсолутно ги постигна целите, затоа што петнаесетината  присутни новинари работеа на практични случаи, на мисинформации, дезинформации и малициозни информации кои ќе им помогнат во иднина подобро да ги сфатат таквите појави и подобро да ги разобличат истите, а сето тоа е од јавен интерес.

Од Прилеп, на оваа обука присуствуваа новинарите  Светлана Ристеска од локалниот неделен весник Зенит и Филип Димкоски од Радио Пела.

 

 

Известува: Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...