КАДРОВСКИ ПРОМЕНИ НА ФУНКЦИЈАТА ДИРЕКТОР ВО КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Кирил Ковачев, дипломиран економист, ќе биде новиот В.Д директор на КЈП „Водовод“.

Тој доѓа на местото на досегашната директорка Кристина Финдачка, а решението за негово назначување го потпиша градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Досега функцијата В.Д директор на КЈП „Водовод“ ја извршуваа Иван Иванов (од декември 2021 до јули 2022 година) потоа, Антонијо Паунов од (јули 2022 до август 2023), следен беше Перо Георгиевски (од август 2023 до јули 2024), последна беше Кристна Финдачка, која оваа функција ја извршуваше од јули 2024 заклучно со почетоков на Новата година.

Кирил Ковачев беше и директор на Центарот за социјални работи – Кочани. Во врска со тоа каква е состојбата на КЈП “Водовод“, новиот директор, ќе одржи прес-конференција со медиумите.

За повеќе детали, ќе бидете дополнително известени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша

Повредените со кошаркарски натпревар во чест на загинатите

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно