Јавен повик за поддршка на женското претприемништво во Македонија

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во рамките на регионалниот проект „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ (EWI), кој го спроведува CARE со партнери од регионот, објавен е јавен повик за жени кои сакаат да започнат или да го унапредат својот сопствен бизнис. Повикот е објавен во секоја од земјите опфатени со проектот – Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Истиот е насочен кон зајакнување на економските права на жените преку развој на одржливи бизниси, зголемување на вработливоста и создавање на поволни општествени и институционални услови за женско претприемништво.

На повикот во Република Северна Македонија можат да се пријават жени коишто се постари од 18 години, кои имаат бизнис идеја и сакаат да започнат сопствен бизнис или веќе имаат регистриран бизнис којшто сакаат да го унапредат. Предност имаат жените од маргинализираните и ранливи заедници, вклучително долгорочно невработени, жени со попреченост, самохрани мајки, припаднички на етнички заедници, млади жени до 30 години, жени постари од 50 години и жени од рурални средини.

Програмата за поддршка вклучува грант средства во износ од 2.500 евра за започнување на нов бизнис и 5.000 евра за унапредување на постоечки бизнис. Освен финансиска поддршка, учесничките ќе поминат стручна обука „Започни свој бизнис“ и „Унапреди го својот бизнис“, со менторска и советодавна поддршка, изработка на бизнис планови, промоција и помош за позиционирање на пазарот.

Повеќе информации во врска со грантовите можете да се најдат на линкот, каде што заинтересираните жени можат да се пријават со пополнување на онлајн формуларот или со преземање и пополнување на пријавниот формулар и достава на документите во просториите на Консалтинг за стратешки развој во Скопје, ЛАГ Агро Лидер во Прилеп/Кривогаштани или во ХЗ Мајка во Куманово, или праќање по пошта исклучиво до Консалтинг за стратешки развој.

Рокот за доставување на пријавите е 30 септември 2025, на полноќ.

Во текот на септември ќе бидат организирани и информативни сесии на коишто заинтересираните жени ќе можат да добијат дополнително информации за повикот, критериумите и процесот на селекција.

Проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ (EWI) го спроведува CARE Balkans во соработка со партнерите: Консалтинг за стратешки развој (Северна Македонија), LINK Poduzetnički centar (Босна и Херцеговина), ENECA (Србија) и Tehnopolis (Црна Гора), со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој.

Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте на: lagagrolider@gmail.com и на телефонскиот број 078393900 -лице за контакт Марина Тошеска.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: