Јавен повик на Општина Прилеп за прибирање барања за финансиска поддршка за здруженија и спортски клубови

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска во тек е јавниот повик објавен на официјалната веб страница на Општина Прилеп за прибирање барања за финансиска поддршка на спортски клубови, здруженија и фондации за 2026 та година. Повикот е отворен до 18 ти февруари и можат да се пријават граѓански здруженија, невладини организации спортски клубови и фондации кои делуваат во општина Прилеп.

Условите и задолжителната документација за пријавување на повикот заинтересираните можат да ја проверат на веб страната на следниот линк: општина Прилеп. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Индустриската зона Металец се доуредува со асфалтирање на улици и осветлување

Индустриската зона Металец, позната како Прилеп 1 инфраструктурно се доуредува со асфалтирање на уличната мрежа. За таа цел од Буџетот на Општина Прилеп се оддвојуваат средства со кои ќе биде завршен процесот на урбанизација на Индустриската зона. „После подолги години, од основниот буџет на општина Прилеп се одвојуваат 37,4 милиони...

Овековечување на делото на Ѓорѓи Ачески-Аче, промоција на монографија и Камерна галерија „Аче“

НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма ќе го одбележат животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче, в среда на 8 ми април, во  „Бабанеделино“ училиште – Камерна галерија „Аче“, Прилеп. Вечерта ќе биде посветена на зачувувањето на колективната меморија неколку...

Концерт на Женскиот камерен хор „Керамија“ во фоајето на Цепенков

По повод најголемиот христијански празник Велигден, хорот „Керамија“ вечерва / 6.04 – понеделник/  во фоајето од 19 часот ќе одржи концерт, на кој ќе бидат изведени тропари во византиски напев, литургиски песни од источната и западната христијанска традиција, како и духовна и световна хорска музика. На програмата се дела од...