Јаков: Ако си ја сакате својата работа, успехот е неминовен (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Привршува гласањето за избор на 13 величествени во организација на Радио Пела. Денешен наш соговорник беше директорот на ООУ „Климент Охридски“-Прилеп, Ахил Јаков.

За време на негово тригодишно раководење,  училиштетото доби потполно нов сјај, а значително се подобрени условите за работа на учениците и наставниците.

Колку е сложено да се раководи со ова училиште, што значи да се биде менаџер во вистинската смисла на зборот, од каде ги црпи идеите за проектите и како успева да привлече донации од бизнис заедницата, разговараме во студиото на Радио Пела.

По повод осум години постоење  и по повод  Светскиот ден на радиото-13 февруари, Радио Пела ја организира манифестацијата 13 величествени, на која ќе им бидат доделени признанијата  на медиумски највпечатливите лица, компании и здруженија кои дале најголем придонес во заедницата за 2024 година и за кои јавноста пројавила најголем интерес.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...