Извиднички одред Феникс слави десет години јубилеј од своето постоење (ВИДЕО + ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ви благодариме за искажаниот интерес за да се приклучите на нашиот одред и да ја искусите магијата на извидништвото. Ве замолуваме да ги пополните податоците кои се бараат од вас (доколку имате под 18 години, потребно е да го пополните заедно со вашиот родител/старател). Очекувајте телефонски повик скоро!

Со една ваква порака која се подполнува , заинтересираните , биле и сеуште се извидници во еден од најголемите извиднички одреди во земјава , извидничкиот одред Феникс од Прилеп кој слави еден несекојдневен јубилеј , десет  години од своето постоење.Исто толку време голем број на организирани акции , активности и извиднички предизвици и исчекувања , запалени извиднички огнови и седенки до рани утра.За сите тие активности кои изминативе години ги реализираше прилепскиот извиднички одред ни зборуваа Александра и Ивана.Погледнете во видеото подолу.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Со врачувањето на наградите и изведбата на претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ на Београдско драмско позориште, синоќа беше спуштена завесата на 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Публиката го наполни гледалиштето на големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“, дојде да...

👨‍👩‍👧‍👦Еду Шампиони – една деценија посветена на знаење и креативност (ВИДЕО)

Еду Шампиони – е приказна што започна пред десет години во Прилеп, како уникатен едукативен јазичен центар и дневен престој за деца. Денес функционира на три локации и претставува бренд препознатлив по иновативниот пристап, креативните работилници и целосната грижа за развојот на најмладите. Професорката по англиски јазик Благица Чатлеска, со...