Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба.
Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето.
По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект.
Наставата и останатите активности продолжуваат непречено, согласно вообичаената динамика.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









