Известување од градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски во врска со изградбата на хидроцентралата на Блатешница

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во врска со протестите на жителите на село Блатец против изградба на хидроцентрала на река Блатешница сакам да Ве известам за следното.

Известен е инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата, согласно член 68 став 1 од Законот за градење престанало да важи од 13.08.2025 година и доколку превземе градежни дејствија, истите ќе се сметаат за бесправна градба и претставуваат кривично дело.

Воедно за истото го известив и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да има во предвид за понатамошно продолжување на договорот за концесија кој истекува наскоро.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

 Денеска е Чист Понеделник – почнуваат Велигденските пости

  Од денеска, 23 февруари, започнуваат Велигденските пости – најдолгиот и најстрогиот пост во православната традиција, кој му претходи на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово. Годинава постот трае 48 дена, од 23 февруари до 12 април. Според правилата на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, од понеделник до петок се пости на вода, во

Отчет 100 дена локална власт Општина Зрновци…

Драги граѓани на општина Зрновци,Првите 100 дена од мојот мандат како градоначалник на нашата општина претставуваат период на интензивна работа, посветеност и јасно поставени приоритети за нејзин понатамошен развој. Од самиот почеток си поставив задача да изградиме пофункционална, поодговорна и транспарентна локална самоуправа која ќе биде во целосна служба на вас, жителите на Зрновци.Во овој

Општина Кочани продолжува со озеленување на јавните површини

Општина Кочани ги продолжува редовните активности за уредување и обновување на јавните зелени површини во градот. Во изминатиот период беа обновени оштетените и исушените садници во разделното зеленило и на тротоари на улици во централното градско подрачје: „Стево Теодосиевски“, „Тодосија Паунов“, „Борис Трајковски“, „Глигор Апостолов-Гочо“ и др. Во рамки на акцијата се засадени нови садници од