Измамници таргетираат повозрасни лица преку телефонски повици во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во изминатиотпериод во ОВР Кочани граѓаните пријавија повеќе кривични дела „измама” кои се извршени врз повозрасни лица.

Сторителите ги доведувааат во заблуда  лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за  ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои, наводно, предизвикале сообраќајна несреќа со смртни последици.

Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно  апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прекрасен новогодишен базар во ООУ „Никола Карев“

Денеска ООУ „Никола Карев“ го одржа новогодишниот базар, кој привлече голем број посетители. На настанот беа изложени новогодишни производи изработени од учениците, а празничната атмосфера беше збогатена со забавна програма, со настап на училишниот хор, маскоти и диџеј. Директорот на училиштето, Александар Андов, истакна дека ваквите активности ја поттикнуваат креативноста и заедништвото кај учениците и

Филмска кражба во Кочани: Украден паричник, па извадени 90.000 денари од банкомат

Штипјанец од куќа во Кочани украл паричник со пари, документи и банкарска картичка, па картичката ја дал на свој сограѓанин, кој заедно со кочанчанец со неа од банкомат повлекле вкупно 90.000 денари. Сакале да земат уште пари, но банкоматот го спречил последниот обид. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.С.А.(41) од

Владата даде зелено светло за експресен пат меѓу Кочани и Делчево

Владата донесе одлука за изработка на основен проект  за изградбата на експресниот пат Кочани – Делчево, со што се отвора ново поглавје во унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во Источна Македонија. По изработката на проектот, наредната година се очекува веднаш да стартуваат и градежните активности. Проектот, кој има стратешко значење за регионот, треба да обезбеди значително