Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 08.01.2026 во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од над 430.000 денари.

Според пријавеното, претходно во текот на денот лицето му се јавило, се претставило како лекар и го известило дека неговата ќерка е во болница поради скршеница на нога за која било потребно да се изврши операција со вградување на шипки.

Како што е пријавено, лицето му ги побарало парите и откако се договориле во неколку наврати ги однел на договореното место.

Како што е пријавено, откако се вратил дома му се јавила неговата ќерка, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Драги од Село Нивичани – Живот без струја, без сигурност и без поддршка – тивка борба за опстанок“…

Со години, во домот на овој човек нема електрична енергија. Единствен извор на светлина и топлина е старо шпоретче на дрва. Иако е болен, секојдневно оди по планината, собира дрва и сам ги носи до куќата, само за да може да се загрее во студените зимски денови. Куќата во која живее е во исклучително лоша

„Аминта Зрновци“ – љубов на прв залак…

Кога сакате вистински вкус и одлична атмосфера  – знаете каде треба да одите. Ресторан „Аминта“ – Зрновци ве пречекува со искуство градено со години и љубов кон добрата храна. Од сочна и топла скара , до пици штотуку извадени од фурна на жар, пастрамајлии богати со вкус, селско месо, лебче со кајмак и специјалитети од

Отстранети одрони на локални патни правци во Кочанско

Поради обилно надојдените води, на територијата на Кочанско се регистрирани одрони и свлечишта на локални патни правци. Утрово, со помош на механизација на КЈП „Водовод“, е извршена интервенција за отстранување на свлечиште на патот меѓу селата Бели и Пантелеј. По завршената интервенција, патниот правец е целосно расчистен и повторно прооден за сообраќај. Истовремено, со механизација