Изложба од прилепскиот академски уметник Филип Јовески

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

ТРАНСМУТИРАНИ ДУШИ“ е изложбата од академскиот уметник м-р Филип Јовески што ќе биде отворена од 19.00 ч. денеска 19.09.2025,  во Ликовната галерија во ЦК”Марко Цепенков”.  Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам  и е дел од годишната програма на НУЦК „Марко Цепенков“.

-Портретот е еден од најстарите жанрови во историјата на уметноста и датира од древниот Египет, од пред околу 5.000 години. Тоа е уметничко дело што ја раскажува приказната на една личност. Преку позата, говорот на телото и изразот на лицето, уметникот дава индиции за расположението и карактерот на неговиот субјект. Иако на прв поглед, портретот може да изгледа дека е едноставно слика на личност или луѓе, ако погледнеме внимателно и поставиме повеќе аналитички прашања, портретите можат да ни кажат многу повеќе како за субјектот, така и за уметникот. Аристотел рекол: „Целта на уметноста е да го прикаже не надворешниот изглед на нештата, туку нивното внатрешно значење.“ Тоа е уметност на доловување на физичка сличност, но и стремеж да се претстави духот и карактерот на поединецот во секој потег на четката.  Денес, во времето кога селфито и дигиталните камери се дел од секојдневието, зошто портретот како уметничка форма е сè уште важен?  Во современата уметност, портретот има повеќе од она што се појмува со очи. Тој пронаоѓа бесконечни форми на изрази и повеќе не е маркер на статус, туку начин на истражување на животот на друга личност. Целта на проектот е набљудувачите да се запрашаат: Зошто субјектот е прикажан во оваа позиција, токму на оваа локација, за разлика од која било друга? Зошто фигурацијата е апстрахирана или со десатурирани бои? Зошто насловот на портретот е таков и која е пораката што ја пренесува? Портретите ќе бидат изработени од различни материјали и во разни медиуми. Преку употреба на различните алатки, техники, бои и атмосфери, ќе ги претставам личноста, приказната и важноста на пораката на субјектите во портретот. Портретите ќе ни кажат за културата на личноста, нивната психологија, па дури и за поширокиот културен и општествен контекст”.  – вели уметникот Јовески.

Прилепчанецот Филип Јовески е наградуван мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник и магистер по фини уметности, кој инспирацијата за своето творештво ја наоѓа во спојот на секојдневното и фантастичното, традиционалното и модерното, уметноста и технологијата, креативната перцепција и научното истражување.
Неговите дела претставуваат код, симбол и дестилација на концепти и идеи, засновани на личното искуство во областа на визуелните уметности, архитектурата, културното наследство, скулптурата, филмот, анимацијата и дигиталната уметност.
Неговиот визуелен јазик се движи помеѓу експресивна апстракција и имагинативна фигурација, помеѓу силни бои и потези и потиснати пастелни колорити. Ги истражува човековата психа, душа и тело низ призмата на личните и тековните локални и светски настани, и преку обсервација, интроспекција и саморефлексија создава дела кои инспирираат и потикнуваат промени како за личен, така и за одржлив развој.
Остварил уметнички студиски престои во Германија, Русија, Чешка и Англија. Реализирал самостојни изложби во Германија, Србија, Грција и С. Македонија, и учествувал на повеќе интернационални групни изложби, проекти, уметнички колонии и биеналиња. Член е на ДЛУМ, ДЛУБ и ДЛУП, а неговите дела се наоѓаат во јавни институции и приватни колекции во Северна Македонија, Германија и Англија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...