Изложба на Милко Нестороски, ќе биде отворена вечерва во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Сувенир“ е насловот на изложбата која вечерва од 18.00 часот ќе биде отворена во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Нестороски е роден во 1994 година во Струга, а дипломирал сликарство со модул сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. м-р Благој Маневски.

За време на студиите и по нив учествувал на повеќе групни изложби, конкурси, работилници, проекти и перформанси во родната Струга и во Скопје. Тој е организатор на првата „Треш-арт колонија“ во Македонија одржана во рамките на Фестивалот за процесирање култура „ДРИМ-ОН“.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепската болница доби донација од амбулантно возило за потребите на ромската заедница во Прилеп

Амбулантно возило за олеснување на пристапот до основните здравствени услуги на ромската заедница во Прилеп денеска беше донирано во Општата болница.  Возилото е донација од невладините „Целим“ од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и „Рома Перспектив“ од Прилеп, а финансирано од Европската Унија. Целта е преку мобилната клиника да...

(ВИДЕО – Илиоски : Од следната сезона се враќа квалитетната лига во ОФС Прилеп

Натпреварите во општинската лига секогаш се приблечни и го имаат оној локален натпреварувачки фудбалски шмек , и понекогаш се магнет за публиката , без разлика каде и на кое место се играат мечевите.И во општинската А и Б лига секогаш се играат дуели за кои прилепчани сакаат откако ќе ги...

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. “Денеска имам чест да означам заокружување на еден значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за...