Изложба на фотографии „75 за 75“ во чест на опстојот на прилепскиот театар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ден пред почетокот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ , четврток 5 јуни, во 19:30 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп  ќе биде отворена изложбата на фотографии „75 за 75“. Автор на проектот е м-р Каролина Мицевска. Ќе бидат изложени 75 фотографии на канвас со претстави што оставиле белег во децениското постоење на театарот „Војдан Чернодрински“.

-Tеатарот „Војдан Чернодрински“ опстојува 75 години, а како една од институциите со најдолга традиција во Градот Прилеп, има богата архива од текстови и фотографии од претставите одиграни на сцената низ годините. Фотографиите од претставите се уметност, преку кои Театарот, низ времето, ја пренесувал, односно ја раскажувал приказната што се случувала на сцената. Тие се редовен сопатник на секоја претстава. Илјадници фотографии се дел од архивата на театарот „Војдан Чернодрински“, која се дигитализира и ќе биде достапна за јавноста. Се надевам дека со овој избор, преку фотографијата, на публиката ќе ѝ ја доближиме историјата на театарот „Војдан Чернодрински“, со која Прилеп и прилепчани се гордеат – вели авторката м-р Каролина Мицевска.

Во  прилепскиот театар досега се прикажале над 350 премиери, се одиграле повеќе од 7.000 претстави, гледани од 1,7 милиони луѓе. Меѓу првите театри започнал со поставување на домашни драмски текстови, па на сцената праизведби доживеале текстови од македонските драмски автори: Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески-Платнар, Трајче Крстески, Василе Димески, Петар Петрески… Театарот „Војдан Черндорински“ од 2004 година е дел од ЦК „Марко Цепенков“. Низ годините, најмногу претстави режирал Благоја Дамевски, вкупно 62, а по 24 пати на претстави се потпишале Коле Ангеловски и М. Стефановски. Биле поставени 282 текста, режирани од 70-мина режисери. Дел од претставите освоиле награди на меѓународни и на домашни фестивали.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...