Изложба на дела од 17 -та ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 3 – ти ноември 2025 / понеделник / од 18.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од 17 -та ликовната колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“, што Центарот ја реализираше во септември со поддршка на Министерството за култура и туризам.

На изложбата ќе бидат презентирани дела од 16 уметници – учесници на колонијата од земјава, Србија, Хрватска и Црна Гора. (Звјездана Јембрих, Јуре Кокеза и Злата Томљеновиќ од Хрватска, професорот Звонко Павличиќ од Црна Гора,  Снежана Манасиќ од Србија,  Стефан Анчевски, Васко Горѓиев, Дејан Макаријоски, Верче Николоска, Александар Џинго, Ферди Булут, Марјан Стојаноски, Златко Крстески, Емил Димоски, Слободан Милошевски и Бојана Тошевска, кои на Центарот и на градот му оставија вредни уметнички дела, кои ќе сведочат за нивното убаво дружење, размена на искуства и творештво.)

Прилеп, град сместен под Марковите кули 17 години по ред ја организира ликовната колонија „Марко Цепенков“ – ДРЕН, која ги спојува истакнатите домашни и меѓународни уметници. Оваа година на традиционалната колонија во организација на Центарот за култура, сместена во конакот на манастирот Свети Ѓорѓија, учество земаа 16 уметници од Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија создавајќи вредни и трајни дела кои се наоѓаат во фундусот, а ќе бидат изложени за љубителите на уметноста, и како инспирација за генерациите кои доаѓаат. На изложбата ќе бидат презентирани 27 слики на уметници од различни старосни структури, творечки индивидуалности, ликовни сензибилитети и поетики, успешно остварени во разноврсни ликовни техники, како масло и акрил, но и комбинирани пристапи кои спојуваат повеќе медиуми. Со ова, во културолошка смисла  изложбата претставува преглед на моменталниот пресек на современото уметничко творештво и потврдува континуитет во популаризација и негување на сликарската колонија, изразувајќи го нејзиното значење и вредност, со што придонесува за развојот и афирмацијата на ликовната уметност.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Октет Прилеп им приреди музички празник на прилепчани

Со „Песна за Прилеп“ испеана пред 30 години од доајенот на македонската музика Гога Зафироски, Октетот Прилеп  синоќа го отвори својот традиционален концерт пред преполната сала на НУЦК „Марко Цепенков“ Придружувани од извонредниот оркестар, заедно со гостите Викторија Георѓиеска, Даниела Дани и Сашо Башески, членовите на Октетот приредија незаборавна музичка...

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

За гласање во вториот изборен круг, според податоците на ДИК, пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица. Денеска ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде што се бираат градоначалници Болните, изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови денеска гласаат за избор на градоначалник во...

Октет Прилеп приреди музички празник за прилепчани

Со песната „Прилепе граде најмил си“,  пред 30 години испеана од доајенот на македонската песна Гога Зафироски, Октет Прилеп пред преполната сала на НУЦК „Марко Цепенков“ го отвори вечерашниот традиционален концерт. Придружувани од маестралниот оркестар се нижеа македонски народни песни, новосоздадени, но и незаборавни македонски забавни, шлагерски, фестивалски мелодии на...