Изложба „111 години Аче“ во малата галерија од НУ Завод и Музеј

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во малата галерија на Завод и музеј Прилеп (сместена во зградата на првото женско Бабанеделино  училиште, утре од 19 часот ќе се биде отворена изложбата „111 години Аче“. Ќе бидат презентирани збирка на цртежи, материјал во ракопис како и дела во сопственост на семејството на уметникот Ѓорѓи Ачески – Аче .

Прилепскиот уметник Аче живеел да црта и создал повеќе од 4 илјади цртежи.  Неговите цртежи најмногу придонеле да се определи тематски за старата архитектура. Мотивите ги наоѓал во градските периферии и селските населби низ цела тогашна Југославија. Тие за него претставувале непресушен извор на инспирација и притоа, откривајќи ги нивните тајни, се ставал во улога на истражувач.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...