Итната медицинска помош – Кочани регистрира зголемен број на интервенции поради високите температури – Возниот парк по долго време е со нови амбулантни возила

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Итната медицинска помош од Кочани, регистрира зголемен број прегледи и повици за интервенции во домашни услови, како  последица од високите температури.

Оттаму истакна дека од топлотниот бран најмногу страдаат хронично болните и постарите над 60 годишна возраст.

Лекарите апелираат сите болни лица да си ја земаат потребната терапија и да не излегуваат на отворено во критичниот период од денот, односно од 11 до 17 часот.

Од Итната медицинска помош – Кочани додаваат ако лицата се движат на  отворено кога е најтопло во текот на денот да носат полесна облека со цел да не дојде до колабирање, но исто така напоменаа при дирекно излагање на топло,  граѓаните да не бидат гладни и жедни, затоа што дехидрирањето може да биде сериозна здравствена закана.

Во однос на возниот парк на Општата болница со проширена дејност, в.д директорката Катерина Мирчовска  вели дека со последните две донации на амбулантни возила, здравствената установа може да реагира на повеќе повици при што возилата се опремени со современа медицинска опрема.

Инаку, последното возило од сопствени средства беше набавено во декември 2023.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Игор Јованов избран за претседател на Адвокатската заедница Кочани

Во ресторан „Амор“ во Кочани вчера се одржа собир на адвокатите од Адвокатската заедница Кочани, во присуство на претставници од Адвокатската комора на Република Македонија. Средбата започна во 14:30 часот и се одвиваше според утврден дневен ред, кој опфати избор на претседател на заедницата, како и избор на претставници – делегати во Собранието на Адвокатската

Претставници на 31 медицинска установа од 19 држави во Европа доѓаат во Кочани на одбележувањето на трагедијата од 16 – ти март 2025

Претставници од 31 медицинска установа од 19 држави од Европа ќе присуствуваат на одбележувањето на првата годишнина од трагичниот настан во „Пулс“, најавено е денеска на прес конференција на која присуствуваа  градоначалникот на Општина Кочани, Влатко Грозданов и претставници на Организацскиот одбор. На пресот, градоначалникот Владко Грозданов  упати апел до граѓаните во текот на тридневното

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,