Општина Прилеп го доби првото, специјалнизирано комунални возила за собирање и транспорт на отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од Регионлната програма за управување со цврст опад (РСУО)
Возилото е со капацитет од 8 кубни метри и е едно од 9 те специјалнизиран камиони за собирање и транспорт на отпад што треба да ги добие општината како дел од регионалниот проект за управување со цврст отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.
Во наредниот периот во рамкие на оваа програма за Општина Прилеп, етапно, ќе бидат испорачани уште 8 специјалнизирани комунални возила за собирање и транспорт на отпад, со различна големина.
“Со оваа комунална опрема Општина Прилеп ќе ја зајакне ефикасноста на комуналните услуги и е дел од воспоставувањето на интегриран и одржлив систем за управување со отпад на регионално ниво, усогласен со европските директиви за отпад и депонии.
“Со новата комунална опрема за справување со цврстиот отпад, правиме конкретен чекор кон почиста животна средина, повисок квалитет на живот, намалено загадување и значително подобрување на јавната хигиена, со долгорочни придобивки за здравјето и квалитетот на живот на граѓаните и поефикасно користење на ресурсите за добивање поквалитетни комунални услуги.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски на приемот на возилото.
Во рамките на овој проект за Општина.
Прилеп веќе се испорачаат 8360 канти за селекција на отпад и 126 контејнери за собирање на мешан отпад и собиањена отпад кој може да се рецеклира.
Новата комунална опрема е обезбедена за 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион и е со вредност од 11 милиони евра како дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад, кој се спроведува со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за практична имплементација на функционален Регионален систем за управување со отпад.









